Home » , » ТОП 20 надимаци во НБА лигата

ТОП 20 надимаци во НБА лигата

Written By Anonymous on 20.7.12 | 19:47




Во текот на последната конференција на Шекил О’Нил во која објави дека се повлекува од активното играње кошарка, објави еден свој прекар."The big AARP".Ова во превод би знаечело асоцијација за напредок на пензионирани личности!?!НБА лигата е преполна со играчи со (не)нормални прекари кој (не)ја карактеризираат личноста на самиот кошаркар.


Во наредните неколку редови ке се потрудиме да ви ја претставиме листата од 20 НАЈ - НБА прекари на сите времиња.

20.Стив "HAIR CANADA" Неш

Еден е “Еар Канада“.Неговата косица е иста веќе “сто години“ што некого го натера да му го даде овој прекар.

19.Ова е малку постаро....Рон "TRUWARRIOR" Артест


“Вистински војник“.....Само еден и единствен Мета Ворлд Пис ака Рон Артест.Војник на теренот војник надвор од него.Се е можно со овој човек.

18.Дикембе "Mt." Мутмобо


"Mt." на англиски значи скратеница за планина.Самиот обид да се шутира преку ’господиниот блокер’ е шутирање како преку планина нели ?

17.Крис "CAVEMAN" Кејмен


Во ерата на кратките фризури, косата на Крис беше единственото нешто во НБА што можеше да привлече внимание.Извини Крис, но по наше мислење е така.

16.Глен "THE DOG" Робинсон


Во неговото врмее беше напастен и многу се плашеа од него.’Биг Дог’.Можеби поради тоа го доби овој прекар, кој според многумина беше лош.

15.Коби “BLACK MAMBA"  Брајнт


Има ли некој разумно објаснување за надимакот на Коби - Црна Мамба ?

14.Корлис "BIG NASTY" Вилјамсон


Некогашниот соиграч на Пеџа и Дивац во Кингси......Чуден прекар, но на англиски и не звучи баш лошо.

13.Дарел "Dr. DUNKENSTEIN" Грифит


Ги палаше трибините со своите добри забивања.Дарел е легенда во Лузијана, голем НБА потенцијал и човек кој овој надимак го има со причина.

12.Мозес "CHAIRMAN OF THE BOARDS" Мелоун

Уште еден центар на кој се сеќаваат нашите родители.Заштитниот знак на Филадлефија.Цар на скокот.Мозес 6 пати беше најдобар скокач на лигата.

11.Ману "OBI-WAN" Џинобили


Нема баш многу врска со она Оби-ван (војна на ѕвездите) но барем по наше мислење подобро му соти Ману SUAVE (сладок).

10.Винс "VINSINITY" Картер


Во морето од надимаци кој ги доби Каретер, овој звучи перфектно.Да потсетиме дека тој е и
Air Canada No.1", "Half-man, half-amazing"  (пола човек пола неверојатност).

9.Џејсон "WHITE CHOCOLATE" Вилиамс

Нема многу прекари кој апсолутно му одговараат на профилот на играчот, но белата чоколада баш му легна на Џејсон.

8.Гери "THE GLOVE" Пејтон


Еден од најдобрите бекови во историјата на НБА, надимакот ракавица го заработи поради одличната одбрана и брзите раце.

7.Џилберт "AGENT ZERO" Аринас


Многу би рекле дека овој прекар го заработи поради чудните работи на паркетот.....Не, го заработи поради тоа што носи нула на дресот.

6.Роберт "TRACTOR" Трејлор

Секогаш се тргате од патот кога трактор ви иде во пресрет.Веројатно така мислеа и играчите кој играа против Роберт и неговите 150 килограми.

5.Кевин "THE BIG TICKET" Гарнет

Алузија....Веруваме дека е јасно.Колку луѓе купија годишна карта за натпреварите на Минесота ?

4.Џорџ "Mr. BASKETBALL" Микан


Џорџ Микан е една од првите НБА ѕвезди, но е прв кошаркар кој го доби надимакот “Господин Кошаркар.“

3.Андреј "AK-47" Кириленко


Ова е само еден од модерните надимаци кој има и бројки и букви.Знаеме што претставува - ознака за најпродаваната пушка на светот, а Кириленко само го спои името и бројот за дресот.

2.Чарлс "THE BIG BUT" Баркли


Најголемата сензација во НБА лигата, која ја викаа и "Sir Carls", "Mr. REB" (господин скок), но остана запамтен како најголемата задница во НБА.

1.Шекил "BIG ARISTOTEL" О’Нил


Еве го, поради него го направивме овој “пресек“.Дизел, Супермен, Голем Кактуз, Голем Аристотел.По наше мислење последниов му е сосмена ОК.

1.Ирвин "MAGIC" Џонсон


Надимакот му е толку перфектен што долго по медиумите едноставно беше Меџик (магиџен) Џонсон.


Толку од нас....А знаеме дека можевме да ги споменеме Сем I AM Кејсел, Двејн FLESH Вејд,


0 comments:

Post a Comment