Home » , » Гарнет вели дека Џеф Грин мора да биде “кретен“

Гарнет вели дека Џеф Грин мора да биде “кретен“

Written By Anonymous on 14.11.12 | 14:14


Кевин Гарнет игра грубо. Џеф Грин сака да се забавува. Тој од почетокот на оваа сезона е на просек од 7.8 поени и од поле шутира со 40.5%. Имаше надеж дека тој би бил моќен шести човек за Бостон, но рано во сезоната немаше никакви знаци од тоа.

Имаше малку надеж после четвртата четвртина од Грин против Милвоки викендот. Грин беше агресивен. Кевин Гарнет му рече на А.Шерод Блејкли од CSNNE.com дека сака повеќе од тоа.

“Џеф е многу, многу добар човек,“ рече Гарнет. “На некои натпревари мораш да си кретен.“

И пресвртната точка за Грин изгледа беше обидот за забивање рано во четвртата четвртина во кој беше фаулиран.

“После забивањето тој беше агресивен; беше алчен Џеф,“ рече возбудениот Гарнет.

Грин призна дека треба да биде повеќе агресивен, и секако има шанса да се врати во форма по неговата операција на срцето.

Но како што доаѓа крајот на сезоната на Бостон му треба алчен Грин ако сакаат да редат победи во низа.

0 comments:

Post a Comment