Home » » Траил Блејзерси го зарджаа Батум

Траил Блејзерси го зарджаа Батум

Written By Anonymous on 19.7.12 | 12:49




Снажниот француски крилен кошаркар Никлас Батум пред три дена ја прифати понудата на Минесота Тимберволвс, но поради статусот на заштитен слободен играч Портланд можеше да го задржи во својот тим, а тоа и го направи.

Батум ќе потпише 4 - годишен договор со Портланд вреден 46,5 милиони долари.Овој потез беше очекуван од страна на Портланд, бидејќи тие имаат големи очекувања од Батум и се знаеше дека нема да го пуштат.

Портланд направи голем број играчки промени ова лето, заминаа Џамал Крофорд, Рејмон Фелтон, Хашим Тибет и Курт Томас, додека пак дојдоја само руки играчите во тимот.

Можеме да споменеме дека од следната сезона за Блејзерси ке игра и Рони Прјас, кој Блејзерси со него потпишаа како слободен играч.Тој минатата сезона играше за Санси, а постигнуваше по 3,6 поени по натпревар.

Батум минатата сезона ја изигра како 4 во неговата кариера, а секоја година ги креваше бројките.Минатата сезона имаше просеци од 13,9 поени и 4,6 скока.

0 comments:

Post a Comment