Home » , » Чарлс Баркли

Чарлс Баркли

Written By Unknown on 19.7.12 | 13:04

web-legends-barkley-suns-c

Во златната доба на кошарката кога Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мајкл Џордан ја претворија НБА во глобален бренд, еден играч со својата физичка појава, со невројатниот кошаркарски талент постави нови стандарди.

Чарлс Баркли беше сличен на сумо борач отколку на кошаркар но без проблем со закуцување ги завшруваше акците заблагодарувајќи му се на одразот од 99 цм.Без влакно на јазикот го викаше тоа што го мисли.Се побуни против идолизацијата на спортистите нагласувајќи дека родителите и учителите, а не спортисите треба да бидат пример за децата.Никогаш од никого не се плашеше.На почетоткот на кариерата на под го “залепи“ легендарниот тепач на Пистонси Бил Лимбреер.Пред крајот на кариерата се степа и со огромиот Шекил О’Нил.Тој беше најуникатниот играч во НБА.А, кога се роди беше, мал немал ниту 3,5 килограми.Својот татко не го познава, а за него се грижела неговата баба.7 години беше уверен во себе дека може да лета и да скока , а една со чадор скокнал од терасата на својата баба.На среќа тоа поминало само со гребнатиники.Подоцна се заљубил во кошарката, но имал и “здав апетит“.На 177 цм висина имал дури преку 100 кила и не влегол во средношколскиот тим.Но преку летото пораснал до 193 цм па го водел својот тим до полуфиналето на државното првенство.Водечките светилишни програми не го забележаа па му се придружи на малиот познат тим од Аубурн.Таму за 3 години стана голема ѕвезда и подоцна е избран за најдобар играч на СЕЦ конференцијата во ’80 години.Бил и на припреми на ОИ во Лос Анџелес во 1984 година, но тренерот Боби Најт го отпиша во последниот круг, како 13 играч.Тоа Чарлс не му го прости :“Те мразам копиле“.

 

ПОЧЕТОК СО ДОКТОР ЏЕЈ

Неиграњето на ОИ не му го расипа неговиот драфт статус.Избран е како 5 пик во еден од најјаките драфтови во исотријата на НБА лигата (со него беа одбрани Џордан, Олујавон, Стоктон...).Стигна во страшниот тим на Сиксерси со Џулиус Ирвинг, Мозес Мелоун,Ендру Тони и Боби Џонс.Џарлс таму добро се снаогаше (14 поени и 8,6 скока), но во финалето на Истокот, Селтикси беа прејаки и Сикесрси не поминаа во финалето.Чарлс свој ментор најде во Мелоун : “Мозес имаше што да ми рече, а јас го слушав“. Ме научи на влажноста на крвавата работа.Кога Ирвинг се пензионира, а Мелоун беше трејдуван во Визардси, Баркли стана новиот лидер на Сиксерси.Беше неверојатен, дотогаш невидена сила иако беше само 195 цм висок поседуваше техника и така Баркли стигна до самиот врв на НБА лигата.1990 година беше другиот чекор за МВП то иако имаше кој да ги победи, Меџик и Џордан.Но, агресивноста на теренот ја пренесе и надвор од него.Новинарските весници ги полнеше подеднакво и со брилијантни партии и со конраверзни изјави и инциденти.Беше вмешан и во барски тепачки.Во една прилика исфрлил човек надвор низ прозор од прв кат.Кога судијата парично го казни го праша зошто го сторил тоа, а Чарлс мртов ладен рекол дека му било жал што не биле на повисок кат.Имаше имиџ на груб човек, но под тоа криеше големо срце.Кога дозна дека едно дете кое умира од рак и дека сака да го запознае Чарлс одма го посетил во и натпреварот таа вечер му го посветил него играјќи со нараквицата со негови иницијали.Кога Меџик за прв пат се пензионира поради заразеноста од ХИВ вирусот, Чарлс ги замоли Сиксерси да му го одмзнат дресот со број 32 на Канигем за да го носи една сезона во чест на Меџик.И покрај одличните игри на Чарлс Сиксерси станаа просечен НБА тим.Годините поминуваа, а од раководството не сакаа да донесат некој подобар играч.Разочараниот Баркли побара трејд непосредно пред ОИ во Барселона и беше трејдуван во Феникс за Џеф Хорначек, Тим Пери и Ендру Ланг.

 

НА ЧЕКОР ДО ПРСТЕНОТ

Воодушевен од замената Чарлс играше одлично во Барселона каде беше најдобар играч со 18 поени во просек и најдобар стрелец на единствениот “Дрим Тим“.Дебито за Санси го направи на брилијантен начин со 37 поени,21 скок и 8 асистенции.Во првата сезона во Аризона беше МВП, иако почна да осеќа болки во грбот.
“Луѓето во Феникс беа воудешевени од мојата МВП сезона.Јас им реков дека ако дојдев 3 години порано ќе бев здрав и ќе играв подобро.“

 

Во плејофот полуде.Во седмиот натпревар од финалето на Западот ги уништи Шон Кемп и Соникси со 44 поени и 24 скока.Во финалето не можеше со Булсите на Џордан.Иако во Санси ги имаше Кевин Џонсон, Дан Мејлер и уште доста многу добри играчи тие не успееа да стигнат до крај иако беа многу блиску.Баркли најдобриот натпревар го одигра против Вориорс кога на Крис Вебер во лице му заби 56 поени и 14 скокови со шут од поле 23/31.По пензионирањето на Џордан, Санси станаа прв фаворит на лигата, но на патот до финалето два пати по ред испаднаа од подоцнежните прваци Рокетси, и тогаш испуштија водство од 2-0 и 3-1 во сериите.Мала утеха за Баркли беше освојувањето на ново злато на ОИ во Атланта.Здравствената состојба му се влошуваше, но желбата за освојување на титула не престануваше да го тера да се обиде одново.Така во потрагата по прстенот по четири сезони во Санси беше трејдуван е во Рокетси за Роберт Хори, Сам Кејсел, Чак Браун и Марк Брајант.Таму со Олујавон и Дрекслер го загуби финалето против Џез, а кога Деркслер го замени Пипен, проблемите и повредите зедоја поголем замав.Се уште беше на дабл-дабл просек, но тоа веќе не беше оној експлозивниот, незапирлив Баркли.Чарлс беше пресилен за ниските крила, а пребз за крилните центри.Баркли ја водеше топката како бек, а имаше маса за туркање со центрите.

 

НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ НА КАРИЕРАТА

Во март 1991 на гостувањето во Њу Џерси еден гледач цело време го вреѓаше Баркли, често и на расна основа.Кога Баркли го запримети, се сврте во негова наскока зеде замав, но наместо да го погоди него тој погоди едно мало девојче.Беше суспендиран еден натпревар и казнет со 10000 долари.Ширум земјата беше подигната невидена медиумска хајка кон Баркли.Иако јавно се извини и покасно се спријатели со родителите на девојчето, па дури им поклони и сезонски карти тој момент не го заборави.Напротив по пензионирањето изјави :

 
“Бев поприлично контраверзен, но жалам само поради оној кукавички инцидент.Знаете што ? Научив вредна лекција.Ме научи да не сум под притисок на натпреварите.Премногу ја сакав победата.Морав да се смирам.Сакав победа по секоја цена.Наместо да се смирам и да ја почитувам играта.“

 

ГОРД НА ЗАВРШУВАЊЕТО НА СВОЈАТА КАРИЕРА

Во последната сезона од својата кариера во градот каде што ја почна својата кариера на 8 декември 1999 година во обид да го блокира Тајрон Хил му пукна главната тетива на потколеницата.Мораше да биде изнесен од теренот со голема болка.Сите знаеја дека неговата кариера е готова, но Чарлс не сакаше тоа да биде последен спомен за него.Се врати во последниот натпревар на сезоната против тогашни Ванкувер Гризлиси и постигна кош по офанзивен скок.Истиот момент беше изнесен од терененот и поздравен со овации од публиката и се пензионира.Подоцна рече :“Немате поим колку ова ми значеше.Го направив тоа за себе.Победив многу натпревари, изгубив исто така многу, но последен спомен ми е изнесувањето надвор од теренот.Тоа ме прогонуваше со месеци и не можев преку тоа.Ми беше страшно психолошки да го напуштам тренерот на свој начин.

И покрај неосвоената титула си отиде како победник.Играчот кој можеше се и кој кога беше здрав никој не можеше да го чува.Отиде како член на играчите кој оствариле 20000 поени, 10000 скока и 4000 асистенции, а во ова друштво се Карем Абдул Џабар, Карл Малоун,Вилт Чамберлеин и Кевин Гарнет, а овие играчи се 13 до 23 цм повисоки од него.Неговиот дрес е повлечен во Аубрун, Филаделфија и Феникс.Или како што вика еден новинар :“Стално слушаме приказна дека ќе се појави нов Лери Бирд.Можеби и не, но попрво ќе се појави нов Лери Бирд отколку Чарлс Баркли, играч на негова висина и тежнина кој можеше да прави се на теренот.“Бившиот соиграч и противник Рик Маорн еднаш рече :“Баркли е тотална спротивност на модерен спортист.Тие се број на лудаци кој сакаат да ве уверат дека се уствари добри дечки.Но, Чарлс е драг дечко кој сака да ве увери дека е лудак.“Денес Чарлс Баркли ужива во животот.Коментира НБА натпревари, игра по некоја партија голф, ужива во својата огромна куќа, во коцкањето поради кое изгубил десетина милиони евра.Неговиот следен чекор е кандидирањето за гувернер на Алабама во 2014 година.Баш не интересира што ќе испадне од сето тоа.

 

ЛИЧЕН КАРТОН :
ИМЕ : ЧАРЛС
ПРЕЗИМЕ : БАРКЛИ
РОДЕН : 20 ФЕВРУАРИ 1963 ГОДИНА ВО ЛИДС, АЛАБАМА
ПОЗИЦИЈА : КРИЛО
ВИСИНА/ ТЕЖИНА : 195 ЦМ / 122 КГ
СВЕТИЛИШТЕ : АУБИРН
ДРАФТ : 5 ПИК 1984 ГОДИНА (ФИЛАДЕЛФИЈА)

СТАТИСТИКА НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА :

ОИ првак 1992 и 1996 година
МВП 1993 година
МВП ОЛ Стар 1991 година
НБА прв тим 1988,89,90,91,93 година
НБА втор тим 1986,87,92,94,95 година
НБА трет тим 1996 година
НБА прва руки петорка 1985
НБА Ол Стар 1987,88,89,90,91,92 (Исток), 1987,88,89,90,91,92 (Запад)
НБА прв скокач на лигата 1987 година
НБА Топ 50 1996
Вклучен во Хал Оф Фејм 2006 година

 

 

0 comments:

Post a Comment