Home » , » Гасол ќе го носи шпанското знаме на ОИ

Гасол ќе го носи шпанското знаме на ОИ

Written By Anonymous on 20.7.12 | 19:06






Еден од најголемите амбасадори во светот на Шпанија и шпанскиот спорт - кошаркарот, Пау Гасол, беше избран за знаменосец на отворањето на Олимпијадата во Лондон.

На ѕвездата на Лос Анѓелес Лејкерс му беше врачена таа чест, откако првичниот избор на шпанскиот олимписки комитет, Рафаел Надал вчера шокантно најави дека нема да се натпреварува на игрите во Лондон, каде што требаше да го брани златниот медал си од Пекинг 2008.

Пау е еден од најпознатите шпански спортисти, тој е носител на сребрен медал на Олимпијадата во Кина пред 4 години, кога во финалнето на кошаркарскиот турнир, САД го прегази шпанскиот состав од титулата.

Сега Шпанија повторно се смета за најголем, а можеби и единствен вистински конкурент на Леброн Џејмс, Коби Брајант и компанија за златото во Лондон.

Доцна синоќа, уште пред да биде избран, Пау Гасол изрази искрена поддршка на Надал во овој тежок момент за него. Двајцата се пријатели долги години, а кошаркарската ѕвезда изјави дека сите Шпанци ќе се борат на Олимпијадата и за него.

"Целата поддршка во моментов е насочена кон Рафа Надал. Сите наши спортисти ќе учествуваат на Олимпијадата, водени од неговиот дух", изјави Гасол преку профилот на социјалната мрежа, Facebook.

0 comments:

Post a Comment