Поранешниот Ол Стар плејмејкер Барон Дејвис рече дека планира повторно да игра во НБА, иако тој ќе ја пропушти цела 2012-13 поради сериозна повреда на коленото.
33-годишниот ветеран одигра 13 сезони со пет тима и доживеа искинување на два лигаменти од неговото десно колено додека играше за Никс, на 6. мај оваа година во плејофот против Мајами.
Дејвис во просек има 20.5 минути во 29 натпревари во минатата сезона со Њу Јорк Никс. Дејвис се уште ќе носи заштита за коленото но сепак ќе изгледа кондициски спремен.
0 comments:
Post a Comment