Home » » Дрим Тимот во Барселона

Дрим Тимот во Барселона

Written By Anonymous on 21.7.12 | 01:54




Кошаркарскиот дрим-тим на Соединетите Американски Држави за престојните Олимписки игри во Лондон, овие денови како дел од подготовките, се наоѓа во Барселона, каде и ќе одигра пријателски меч со Шпанија.

При една репортажа, ЛеБрон Џејмс, Коби Брајант и Кевин Дјурент, се предадоа на Лео Меси, за кого не штедеа пофални зборови и сите тројца го констатираа истото - дека е најдобар.

ЛеБрон Џејмс, кој е вљубен во игрите на Меси: 




„Меси е најдобриот играч кој постои во светот. И ако веќе не е, ќе биде најдобар играч на сите времиња.“

Коби Брајант, кој е фан на Барса: „Меси е најдобар! Најдобар!“

Кевин Дјурент: „Неверојатен е. Најдобар во светот.“

0 comments:

Post a Comment