Ол-Стар играчот на Минесота Тимберволвс, Кевин Лав не ја отфлра можноста да замине од Минесота како слободен играч во следните 3 години, иако има договор од 5 максимални години. Сепак ова го негира неговиот агент.
Лав исто така бара засилувања за својот тима за да се зацврстат. Минесто засега го донесе супер-талентот Брендон Рој кој отиде во предвремена пензија поради повреди, но не успеа од Портланд да го земе французинот Никлас Батум.
Во телефонско интервју во четврокот на 19. Јули од Англија, каде американската кошаркарска репрезентација се подготвува за ОИ, Лав одговори на неколку прашања.
Лав, кој ја изигра 4тата НБА сезона, ја обработи првата година од 4 - годишниот договор со Минесота во кој ќе земе 62 милиони долари. Тој е единствен играч кој нема играно во плеј-офот. Другите играчи на ОИ имаат освоено 7 шампионски прстени и имаат заедно изиграно дури 700 плеј-оф натпревари.
„Мораме да се смениме за да станеме подобри.“ - вели Лав. „Мислам дека заслужуваме да играме таму. Тренерите мора да најдат подобри засилувања, но исто така и да ги усреќиме фановите. Работите беа добри се додека Рики не се повреди. Ние само сакаме да го наведеме тимот кон вистинската патека.“ - заврши Лав.
0 comments:
Post a Comment