Home » , » Стефан Кари спремен за кам-бек сезона

Стефан Кари спремен за кам-бек сезона

Written By Dragan on 20.7.12 | 17:23

Откако имаше операција на зглобот во Април оваа година, Стефан Кари помина многу време во вежбалниците, работејќи на силно закрепнување за наредната сезона.

Неговата поправена мускулатура на рацете и грвот покажуваат колку Кари работел на неговото тело. Веќе не се смета за слабо дете од средно училиште, туку класичен бек во НБА лигата.

Стартот на тренинг камповите за новата НБА сезона во Октомври е сеуште далеку, но ова лето Кари го поминува работејќи во вежбалницата за професионални атлети "Accelerate Basketball".

„Многу чудни вежби правам овдека, но навистина помагаат кон подобрување на моето тело. Чудно е што ниту една вежба немаше негативен ефект кон зглобот, кој ми беше повреден.“ - изјави Стефан Кари.


0 comments:

Post a Comment