Долго време се збореше дека следниот тим на Двајт Хауард е Бруклин Нетс, но во лето преполно со секојдневни шпекулации за размена на играчи помеѓу 4 тимови, Хауард сепак изледа дека ќе ги одмине Нетс и дека ќе се вклучи во составот на ЛА Лејкерс.
Лејкерс, Меџик и Кливленд можно е да разговараат за размена помеѓу три тима, со што Хауард ќе замине во лејкерс, Бајнам во Кливленд, додека Меџик би го добиле Варежао и неколку драфт пикови.
Хауард од секогаш бил импресиониран со победничката традиција на Лејкерс, и е заинтересиран со можностите што ги добива со играњето во Лос Ангелес.
Лејкерс можно е да се веќе спремни за таквата размина, но првен треба да се осигураат дека Хауард е заинтересиран за подолг договор. Извори велат дека Хауард е „возбуден“ од можноста да игра за Лејкерс и би потпишал и нов договор одкога би истекол на крајот на сезоната 2012-13.
0 comments:
Post a Comment