Иако повредата која Грифин ја заработи на тренинг кампот на тимот на САД пред ОИ не беше многу сериозна сепак мораше да оди на операција, а кога се работи за операција на колено не може а да не се постави прашањето дали и кога е целосно заздравено, со оглед на тоа дека е ова негова втора операција на колено во неговата НБА кариера.
“Операцијата одамна заврши и сега сум посветен на рехабилитацијата, се обидувам да се вратам во форма. Шутирам, трчам и дигам тегови веќе подолго време. Мислам дека сум 100% здрав и спремен да се вратам на паркетот.” –изјави Грифин
Грифин минатата сезона бележеше дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока по натпревар.
0 comments:
Post a Comment