
МВП-то од минатата сезона даде 38 поени, а додаде и 10 скока и 6 асистенции. Рокетси на минута и пол до крајот водеа со 110-116, но потоа се докажа ЛеБрон Џејмс и го одведе својот тим до победа. Треба да се нагласи дека ЛеБрон 32та поени од своите 38 ги постигна во второто полувреме. Традициално најголема помош имаше од Бош (24) и Вејд (19 поени). Чендлер Персонс даде 26 поени, Џејмс Харден даде 22, а Ашик имаше 19 поени и 14 скока.
Бостон во Јунајтед центарот го победи Чикаго со 101-95 и стана првиот тим кој по долго време му даде +100 поени на Булс. Блијираше Ражон Рондо со 20 поени и 10 асистенции. Ова му беше 31 утакмица со +10 асистенции што е најдобар низ по ерата на Џон Стоктон.
Расел Вестбрук на својот 24ти роденден одигра одличен натпревар со 33 поени и 10 скока, а го следеше Дурант со 26 поени и 9 скока за шестата победа на Оклахома. Пистонси се пак на резултат од 0-8 што е најлош старт во нивната историја.
Ал Џеферсон играше улога на спасувач за Јута Џез и ги враќаше "џезерите" на неколку пати од длабоки дупки. Успеа да постигне и тројка кога беше најпотребно, за да го прати натпреварот во продолжение. 24 поени и 17 скока беа доволни за Јута да извојува победа, но неможеме да заборавиме и на Пол Милсап, кој одигра исто така херојски натпревари со 34 поени, 9 скока и дури 3 изненадувачки тројки за него. Браќата Марвин и Мо Вилијамс заврши со по 17 поени, додека Дерик Фејворс имаше 15 поени, 6 скока и блока во 44 минути одиграни од клупата за резерви.
Кај Торонто Репторс најдобар беше Демар ДеРоузан, кој одигра голем натпревар. Иако неговиот тим изгуби, ДеРоузан одигра дури 60 минути, постигна 37 поени, фати 8 скока и додели 6 асистенции. Хозе Калдерон исто така одигра одлично во замена на Кајл Лаури и постигна 20 поени и додели 17 асистенции. Андреа Барњани заврши со 19 поени, додека Лајнас Клиза консолидираше со 20 поени од клупата.
Денешни резултати :
Филаделфија Севенти Сиксерс 96-105 Милвоки Бакс
Детроит Пистонс 90-92 Оклахома Сити Тандер
Чикаго Булс 95-101 Бостон Селтикс
Хјустон Рокетс 110-113 Мајами Хит
Далас Маверикс 82-90 Минесота Тимбервулвс
Феникс Санс 110-100 Денвер Нагетс
Портланд Траил Блејзерс 87-95 Атланта Хокс






Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment