Денес спремивме уште една интересна статија/колумна за вас фановите кој се интересирате кој се најдобрите 10 играчи на сите времиња во НБА лигата.Многу ке помислите на Мајкл Џордан, Лери Бирд, Меџик Џонсон, Карем Абдул - Џабар, Вилт Чамберлејн, Мозес Малоун, Џери Вест, Оскар Робертсон и останати............веројатно и многу најдобри би требало да пишиме за ТОП 20, а не 10, но сепак ке ја стеснеме оваа листа и ке ви ги претставиме најдобрите 10 според нас.
10.Коби Брајант - Коби е одличен шутер.5ти е во листата на најдобри поентери во НБА, Коби е одличен шутер и скорер откако е роден.На 33 години, Брајан има повеќе поени од Шекил О’Нил, Мозес Малоун, Оскар Робертсон, Лери Бирд и Џери Вест.Играчот на Лејкерси еднаш постигна и 81 поен што е втора најдобра бројка на постигнати поени по натпревар.Коби е 5 пати шампион, 1 МВП, 2 пати МВП на финалето.Исто така Коби е и најмладиот играч на сите времиња кој прв стигнал до бројката на 15000 поени.Брајнт исто така е познат како еден од најдобрите клуч шутери на сите времиња.
9.Тим Данкан - 2 пати МВП, 4 шампион, 3 пати МВП на финале, руки на годината, 13 пати член на Ол Стар.Овој човек има направено се.Данкан е одличен ’оверал’ играч.Може да поентира, да скока, да блокира итн.Данкан има просеци од дабл-дабл во својата кариера.Тој исто така има просек од +20 поени во кариерата што е одлична бројка со 0.507 процент за шут.Па, Данкан не може само да поентира.Може да блокира шутеви, неговиот просек е 2 блока по натпревар.Данкан е познат како еден од најдобрите 4ки во својата кариера.Исто така тој е и супериорен пасер за еден висок играч.
8.Хаким Олајжуван - Хаикм е еден од најдобрите центари кој играле во НБА лигата.Одличен ол араунд играч.Рангиран е на 9тото место по поени, имаше просек од 21.8 поени во натпревар со одличен шут од поле.Шутираше 51 % од поле ! Тоа е одлична бројка за еден поентер како него кој има +20 поени по натпревар во кариерата.Хаким ги водеше Рокетси до два шампионски рстени.Тој беше МВП на финалето два пати, а исто така еднаш е биден и МВП на сезоната.Хал оф Фејмерот беше и одличен блокер, има просек од 3,1 блока по натпревар, а е и прв во вечната листа на блокери.
7.Шекил О’Нил - Шек е еден од најдоминантните играчи на сите времиња.Неговата висина и снажноста во рекетот го направи еден од најдоминантните.Не можете да се одбраните од центар висок 2.16 метри и тежок скоро 150 килограми.Неговата доминација ги поведе Лејкерси до три едно по друго титули, и една титула со Мајами.Шек е 3 пати МВП на финале, и 1 МВП на сезоната.Суперменот имаше просеци од 23.7 поени по натпревар во кариерата со супериорен процент на шут од 58 % проценти.Шекил исто така беше одличен скокач и блокер.Шек имаше само една маана.Слободните фрлања.Беше незапирлив во рекетот, но другите тимови смислија лек за него наречен “Хакирајте го Шек“.Го запираа со фаул и неможеше да погоди слободно.Вака гледано, Шекил е најдоминантниот играч во историјата на НБА лигата.
6.Лери Бирд - Лери е еден од најдобрите шутери на сите времиња.Неговата ол араунд игра беше неверојатна.Беше одличен шутер и поентер, одличен скокач и супериорен пасер.Смол Форвардот од Индијана, има просек од 10 скока во својата кариера.Тоа е луда бројка за играч кој игра на позиција 3ка.Исто така има просек од 6.3 асистенции во кариерата што покажува за каков пасер се работи.Покрај скоквите и асистенциите, Лери има просек од 24.3 поени и 1.7 украдени топки по натпревар.Лери Легендата има освоено 3 титули, 2 титули за МВП на финалето и 3 награди за МВП на сезона.Легендата на Селтикси би направила се за да победи.Бирд е еден од најдобрите шутери за 3 на сите времиња.
5.Вилт Чамберлејн - Вилт е еден од најталентираните играчи кој ги видела НБА.Неговите индивидуални способности се луди.Во сезоната 1961/62 имаше просеци од 50 поени и 25 скока по натпревар.Исто така има скршено и многу рекорди, како поените по натпревар, 100.Вилт е еден од 4те играчи кој имаат постигнато над 30000 поени во НБА.Исто така има 23924 скока што е најмногу за еден НБА играч.Вилт е 2 кратен шампион и 4 пати МВП на сезоната.Хај оф Фејмерот има 13 настапи на ол стар и исто награда за руки на годината.
4.Ирвин “Меџик“ Џонсон - Меџик Џонсон беше сличен на Лери Бирд.Беше многу комплетен играч.Од пас до поен до скок, можеше се.Џонсон е несомнено најдобриот плејмејкер на сите времиња, иако е висок неверојатни 2.06 метри.Ги водеше Лејкерси до 5 титули.Тој е 3 пати МВП на финалето и 3 пати МВП на сезоната.Меџик беше одличен лидер како и плејмејкер.Беше солиден поентер, но пасот и скокот подобро му одеја.Исто така беше одличен дефанзивец со по 2 украдени топки по натпревар.
3.Бил Расел - Расел е еден од најдобрите победници на сите времиња.Ги поведе Селтикси до 11 титули во неговата 13 годишна кариера, и два од тие прстени се како играч/тренер.Во 60’тите години, Бостон освои 8 титули по ред, благодарение на Расел.Расел одличен скокач и дефанзивец.По мое, тој е најдобриот дефанзивец на сите времиња.Не беше многу висок, но можеше да го блокира скоро секој шут.Тој е еден од најдобрите скокачи на сите времиња.Има просеци од 22 скока по натпревар! Има повеќе од 20000 скока во својата кареира.Тој е 5 пати МВП на сезоната и 11 пати шампион.Неговите индивидуални партии не се како оние на Шекил, Вилт и Лери бидејќи, но своите соиграчи секогаш ги правеше подобри.
2.Карем Абдул - Џабар - Легендарниот центар е еден од најталентираните играчи кој играле некогаш во НБА.Неговото чувство за давање поен, за скок за одбрана беше неверојатно.Џабар го држи рекордот по постиганти поени во целата кареира.Во 20те сезони кој ги одигра тој има постигна дури 38387 поени.Никој играч во НБА лигата во 20 сезони не постигнал повеќе од него.Карем бележи само 11 скока по натпревар, иако е рангиран на 3тото место по вкупно скокови во НБА лигата.Абдул Џабар беше и добар пасер за центар, бележејќи 3.6 асистенции по натпревар.Тој беше апсолутно незапирлив во пост играта.Познат е по својот шут наречен “скај хук“.Џабар има просек од 24.6 поени по натпревар со шут од поле 55%.Исто така е и добар блокер бележејќи 2.6 блока по натпревар што е 2 на вечната листа на блокови.Карем е 6 кратен шампион, 6 пати МВП на сезона, и 2 пати МВП на финале.
Симнете капа за најдобриот играч на сите времиња.МАЈКЛ ЏОРДАН.Ја смени играта.Победи во се.Тој е 3 најдобар стрелец на сите времиња, 3 најдобар крадец на сите времиња, 5 во погодени слободни фрлања.Овој човек е неверојатен.Џордан има просеци во поени од 30,1 поен во кариерата, што е изедначен со Вилт Чамберлејн.Џордан е еден од најкомплетните играчи во историјата на на НБА лигата.Има просек од 6.2 скока и 5.3 асистенции зачинети со 30.1 поен по натревар.Во сезоната 1988-1989 имаше просеци од 32 поени, 8 скока и 8 асистенции по натпревар.Не многу играчи го имаат направено ова предходно.Тој исто така е одличен дефанзивец.Во неговата кариера бележи 2.3 украдени топки по натправар.Џордан исто така е и еден од најдобрите забивачи кој играле во НБА лигата.Легендарниот играч ги донесе Булси до 6 НБА титули.Тој има исто така 5 МВП награди, 6 пати МВП на финалето.Исто така ја има освоено наградата за Руки на годината и дефанзивец на годината.Мајкл Џордан е најдобриот играч кој стапнал на кошаркарскиот терен.
Вреди да се споменат : Карл Малоун, Оскар Робертсон, Џулиус Ервинг, Чарлс Баркли, Дејвид Робинсон, Патрик Јуинг, Џери Вест, Скоти Пипен, Џон Стоктон, Ајзеа Томас, Реџи Милер, Валт Фрејзер...........................................
0 comments:
Post a Comment