Home » , » Казнс: “Сакам да останам во Сакраменто“

Казнс: “Сакам да останам во Сакраменто“

Written By Anonymous on 24.12.12 | 21:12


Проблематичниот центар на Сакраменто Кингс, ДеМаркус Казнс, изјави дека сака да игра само за Сакраменто, откако неколку тимови изјавија дека сакаат да го донесат во своите редови.

Проблем нај Казнс е неговото однесување. Тој моментално е суспендиран на неодредено. Го пропушти наптреварот против Портланд, но Кингси одиграа многу добро и победија со 108:96.

Веднаш по објавата на суспензијата, заинтересирани за трејд се неколку тимови: Хјустон, Феникс, Далас, Милвоки и актуелните шампиони, Мајами Хит.

На сите овие шпекулации Казнс изјави: 


“Сакам да останам во Сакраменто! Постои и можност да го продолжам договорот со тимот по следната сезона.“

Казнс е еден од најталентираните високи играчи во НБА лигата, но очигледно дека тој не го искористува цел свој талент . Комплетниот тим Сакраменто изобилува со талент, но нема работна атмосвера за да би можел Казнс да ги развие своите вештини до крај.

Оваа сезона за 23 наптревари Казнс постигнува 16.6 поени и 9.5 скокови по наптревар, што е нешто послабо од минатата сезона кога забележуваше по 18,1 поен и 11 скокови по наптревар.

0 comments:

Post a Comment