Home » , » Рекордите што ги постави тимот на САД на ОИ 2012

Рекордите што ги постави тимот на САД на ОИ 2012

Written By Dragan on 12.8.12 | 21:54

Тимот на САД лесно и очекувано стигна до златниот медал на ОИ во Лондон, но со одисејата до златото, тимот постави и неколку рекорди за една Олимпијада.

- Кевин Дурент: 156 поени вкупно на кошаркарскиот турнир, најмногу поени постигнати на било која Олимпијада.

- ЛеБрон Џејмс: 273 поени во дресот на САД на сите Олимписки Игри до сега, нов рекорд, поминувајќи ги 270 - те поени на Дејвид Робинсон.

- Кармело Ентони: постигна 37 поени на натпревар против Нигерија, со што постигна најмногу поени на еден натпревар во историјата на тимот на САД на ОИ.

- Мајк Кжижевски, водејќи го тимот на последните ОИ со него на тренерската позиција, постави рекорд од 62 победи и 1 пораз. 

- Кошаркарскиот тим на САД го бележи својот 14. златен медал на ОИ, трет медал против Шпанија во финалињата (1984, 2008, 2012).

- Кошаркарскиот тим на САД постигна рекордни 156 поени во натпревар против Нигерија, рекорд за најмногу постигнати поени на еден натпревар во историјата на ОИ.

0 comments:

Post a Comment