Home » , » Бајнам возбуден што ќе биде дел од тимот на Филаделфија

Бајнам возбуден што ќе биде дел од тимот на Филаделфија

Written By Anonymous on 12.8.12 | 22:46

Во трејдот на Двајт Хауард во Лејкерс, играчот и дотогашниот центар на Лејкерси Ендру Бајнам премина во редовите на Филаделфија Сиксерс.

“Во Филаделфија тој ќе биде главен играч, сите напади ќе одат преку него и ќе биде прва опција во нападот, конечно ќе има шанса да ги покаже своите вистински квалитети и да прерасне во вистинска ѕвезда. Се радува и што ќе биде толку блиску до дома, до своето родно место а и е возбуден за шансата која му се укажува и довербата која од тимот ја имаат во него.”-изјави агентот на Бајнам, Дејвид Ли. 

Ли исто така изјави дека Бајнам воопшто не бил изненаден што бил трејдуван, затоа што уште откако ја почна својата кариера на 17 години, бил вклучен во трејд шпекулациите секоја година, без разлика дали бил поврзуван со Џејсон Кид, Кевин Гарнет, Кармело Ентони или пак во случајов Двајт Хауард.

0 comments:

Post a Comment