Home » , » Хауард: „Мислам дека имам иднина со Лејкерси“

Хауард: „Мислам дека имам иднина со Лејкерси“

Written By Anonymous on 11.8.12 | 11:44

dwight-howard-kobe-bryant
На конференцијата за новинари ЛА Лејкерси го претставија своето супер засилување : 26  - годишниот кошаркар на Орландо Меџик, Двајт Хауард најдоминантниот центар на денешницата.

“Мило ми е дека трансферот е реализиран.Со Орландо не се разделив на најдобар начин, но мислам дека заминувањето е најдодбро решение.Дојде време јас и клубот да свртиме нова страница.“ - вели Хауард на претставувањето, кој минатите 8 години ги изигра во клубот од Флорида и во кој се разви како најдобар центар.

Дојде до размена и на 4 тима и 12 кошаркари.Лејкеси го жртвуваа две години поладиот Ендру Бајнам, кој се сели во Филаделфија.

“Денес е нов почеток за мене.За Орландо, за Лејкерси и за мене.Почнуваме од почеток.Верувам дека пред мене како и пред Лејкерс стојат добри работи.“

“Како ќе ме дочекаат во Орландо ? Сигурно не добро, но не можам да речам ниту да разберам“.

Во новиот клуб Хауард повторно ќе го носи дресот со број 12.Технички не треба да се сели во ЛА бидејќи таму е на опоравка од повредата, кога во Калифорнија го оперираше грбот.


0 comments:

Post a Comment