Home » , » Кевин Дурент е многу среќен за Серж Ибака

Кевин Дурент е многу среќен за Серж Ибака

Written By Dragan on 22.8.12 | 13:00

Новиот договор, кој конгоанецот во дресот на Оклахома Сити Тандер Серж Ибака неодамна го потпиша, го става во една позиција каде што може да биде заедно со играчите од Ол-Стар калибар. Серџ Ибака е задоволен ... и среќен. И самиот го изрази тоа.

Но, Кевин Дурент исто така е среќен за него. Еве што изјави во интервјуто што го даде за една медиа во Оклахома Сити :

„Среќен сум за него, навистина. Го заслужи секој долар од договорот. Многу направи за тимот. Беше непознат кога дојде во лигата, но прерасна во играчиште и им докажа на сите дека знае да игра уште од првиот ден. Навистина сум задоволен и возбуден што ќе го гледам во Оклахома уште 4 години.“ - изјави Дурент.

Или, можете да го сватите цело ова како „Среќен сум што ќе ја врши половина од мојата задача на одбрана уште 4 години...“

Но, како и да е, Дурент е во право. Ибака навистина си осигура долгорочно место во тимот на таа позиција и сигурен сум дека не размислувале многу од таборот на Оклахома за неговото потпишување.

0 comments:

Post a Comment