Home » , » Реј Ален сака повеќе од само шутирање во Мајами

Реј Ален сака повеќе од само шутирање во Мајами

Written By Unknown on 21.10.12 | 12:08

Реј Ален шутера тројки. По тоа е познат и неговата цела кариера се заснова на неговиот шут. Но многупати во тактиките на Док Риверс во Селтикс, Реј Ален не беше шутер. Тој знаеше да одигра и на плејмејкерската позиција, знаеше и да исече под кошот и до погоди тежок, изнуден шут.

Можеби не во целосна форма, но Реј Ален има останато барем малку од својата комплетна игра  која беше врвна во деновите со Сиетл СуперСоникс.

“На тренинг, често си наоѓав позиција во нискиот пост и го постирав противничкиот играч. Но неможам да го натерам тренерот да ме праќа во нискиот пост. Низ мојата кариера сум играл на многу различни позиции во офанзива. Постирањето е како посебен дел од играта и е дополнителен притисок за мене, како шутер на линијата за три поени.“ - изјави Реј Ален за „South Florida Sun-Sentinel“.

0 comments:

Post a Comment