Што кажа тој ? Во прашања и одговори на Дејвис поставени од страна на Њу Јорк Тајмс, Ентони зборуваше околу своето Олимписко доживување, како сака да игра борбено како Кевин Гарнет - играч што го прави тоа секоја ноќ, за неговиот приватен живот и други работи. Тогаш тие го прашаа за својте цели за својата дебитантска сезона.
“Дебитант на годината, во првата петорка на дебитантите, првата петорка за најдобри дефанзивци, дефанзивен играч на годината.“ - самоуверено ги кажа своите цели за неговата руки сезона Ентони Дејвис.
Тој можеби ќе освои Дебитант на годината, но секако дека голема конкуренција ќе му биде Дамјан Лилиард. Ентони можеби ќе ги предводи новодојдените дебитанти во лигата, но ќе му требаат неколку години да го достигне цел свој потенцијал.
Но, Дефанзивен играч на годината? Тајсон Чендлер, Двајт Хауард, Леброн Џејмс ... не би рекол дека Ентони Дејвис има шанси со вакви фантастични играчи.
Но како што реков, фановите на Хорнетс треба да бидат среќни, бидејќи Дејвис како прво е играч кој сака да победува и има зацртано свои цели.
Како второ, тој се фокусира на својата одбрана. Тоа е клучот на успехот. Ако тој се фокусира на тоа, тој може да стане дефанзивна сила, која Хорнетс ќе ги искачи едно скалило погоре. Офанзивата ќе дојде, тој има добра офанзивна игра (под обрачите), но тоа ќе дојде со текот на времето. Но клучот на успехот е на другата страна од паркетот и тој тоа го знае.
И тоа Олимписко искуство и златниот медал на ОИ, ќе му помогнат побрзо да ја совлада играта во НБА лигата.
0 comments:
Post a Comment