Home » , » Џордан : “Ние бевме попаметни од сегашниот Дрим тим“

Џордан : “Ние бевме попаметни од сегашниот Дрим тим“

Written By Anonymous on 17.8.12 | 12:28

„Ние бевме попаметни од сегашниот Дрим тим“

Легендарниот Мајкл Џордан го даде своето мислење зошто составот на САД од ОИ во Барселона 1992. година би бил подобар од сегашната селекција на истата земја, како и за тоа колку напредувала европската кошарка во изминатите две децении.

Мајкл Џордан според многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња, па така секоја негова изјава привлекува посебно внимание. Особено ако таа се однесува на Дрим тимот од 1992. година и изјавите на Коби Брајант дека сегашниот состав на САД би можел да ги совлада легендите кои настапија на ОИ во Барселона пред 20 години.

Пред, а и по Олимписките игри во Лондон наголемо се дискутираше за тоа колку денешната репрезентација на САД е навистина силна, посебно во споредба со некои претходни селекции кои настапувале под истото знаме. Така, не изостанаа ниту споредбите со оригиналниот Дрим тим од кој дел беа имиња како Џордан, Лери Бирд, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли, Карл Мелоун, Џон Стоктон...

„Тоа е прашање на кое никогаш нема да добиеме одговор, но секогаш можеме да зборуваме на таа тема. Коби си кажа што мисли, а јас му одговорив дека нашата екипа од 1992. година е покомплетна од сегашниот тим. Ние бевме покомплетни во нападот, но и во одбраната. Можевме да го сопреме шутот однадвор на било која селекција, нешто што сегашната репрезентација го нема за квалитет. Тие можеби се подобри атлети во однос на нас, но јас мислам дека ние за нијанса бевме поитри играчи од нив, кои играа попаметна кошарка“ - рече Џордан.
Покрај на таа тема, НБА легендата зборуваше и за тоа какво влијание американската кошарка има врз меѓународната.

„Мислам дека нашата кошарка го подигна нивото на квалитет на меѓународната кошарка. Дури и мислам дека има неколку европски играчи кои би можеле со своите квалитети сега комотно да настапуваат во репрезентацијата на САД. На овие ОИ пак бевме доминантни, но не како порано. Меѓународната кошарка достигна ново ниво и верувам дека да беше и тимот од 1992-ра на овие ОИ тој немаше да доминира како пред две децении. Сепак, морам да кажам дека за сегашниот развој на кошарката на глобално ниво голема заслуга имаат токму НБА и нашиот Дрим тим од Барселона“ - додаде некогашниот бек на Чикаго.

0 comments:

Post a Comment