Home » , » Иш Смит продолжува со Орландо Меџик

Иш Смит продолжува со Орландо Меџик

Written By Dragan on 17.8.12 | 02:43

Генералниот менаџер на Орландо Меџик Роб Хенигeн, денеска соопшти дека Иш Смит, кој беше слободен играч се враќа во тимот. Деталите од договорот на Смит сеуште не се утврдени.

Смит (#10, роден на 7 јули 1988 година во Шарлот, тежок 79 кг, висок 182цм) комбинирано одигра 26 натпревари минатата сезона во Голден Стејт Вориорс и Орландо Меџик и оствари просеци од 2.8 поени, 1.6 асистенции, 1.3 скокови, од просечно поминати 9 минути по натпревар. Тој одигра 6 натпревари за Голден Стејт и оствари просек од 4.5 поени, 1.5 скокови, 1.5 асистенции, од просечно поминати 10.5 минути по натпревар. На 2-ри Фебруари Смит потпиша за Орландо Меџик и во 20-те натпревари оствари просек од 2.3 поени, 1.6 асистенции и 1.3 скокови, од просечно поминати 8.6 минути по натпревар. Смит одигра и еден плеј-оф натпревар каде што забележа само 1 скок и 1 шут, кој сепак му беше блокиран.

Смит двапати водеше во асистенции во тимот од Орландо. Тој ги постигна своите највисоки 7 асистенции во кариерата, како и 3 украдени топки на натпреварот против Детроит Пистонс на 9. април.

На почетокот тој беше слободен играч и потпиша за Хјустон Рокетс на 23. август 2010. Тој во својата кариера има одиграно вкупно 69 НБА натпревари, во тимовите на Хјустон, Мемфис, Голден Стејт и Орландо, и бележеше просек од 2.5 поени, 1.7 асистенции и 1.2 скокови од просечни 9.8 минути по натпревар. Севкупно има одиграно 6 плеј-оф натпревари, каде што постигна 0.7 поени, од просечно поминати 2.5 минути по натпревар. Смит исто така има одиграно 8 натпревари (пет во стартната постава) со Рио Гранде Вејли Вајперс во 2010/11, кои се дел од НБА Д-лигата. Таму неговиот просек беше12.5 поени, 7.9 астистенции, 4.3 скокови, 1.5 украдени топки и 1.25 блокови од просечни 32.9 минути по натпревар.

Смит има севкупно одиграно 121 натпревар (91 во стартната постава) за време на неговата 4-годишна кариера на колеџот Вуејк Форест, каде што бележеше просек од 9.2 поени, 5.1 асистенции, 3.7 скокови и 1.26 украдени топки. Тој е првиот играч во историјата на Вуејк Форест кој постигнал повеќе од 1000 поени (1114) и 600 асистенции (612) за време на неговата тамошна кариера. Смит ја заврши својата кошаркарска кариера во колеџот како втор на листата за асистенции на Демон Диконс.

0 comments:

Post a Comment