10. Хаким Олајџувон-664 поени (1994)
Олајџувон целосно го искористи отсуството на МЏ и во таа сезона беше прогласен за МВП на регуларната сезона, одбранбен играч на сезоната и МВП на финалната серија. Во просек во пост-сезоната постигнуваше по 28.9 поени.
9. Мајкл Џордан-666 поени (1993)
МЏ продолжи со својата маестрална игра постигнувајќи 35.1 поени по натпревар на патот кон
3-тата титулата по ред и МВП на финалето. Исто така на 2 натпревари постигна по 50 поени,
8. Коби Брајант-671 поен (2010)
Таа година Коби беше посветен на одмаздување на поразите од Феникс и Бостон во претходните сезони и освојување на 5-от прстен.
7. Мајкл Џордан-680 поени (1998)
Таа година МЏ го освои својот 6-ти прстен и последен прстен. Во 6-тиот натпревар против Јута Џордан пружи извонредна ол-раунд игра надоместувајќи го неиграњето на Скоти Пипен и високата негатива од самиот почеток на натпреварот.
6. Коби Брајант-695 поени (2009)
Постигнувајќи во просек по 30.2 поени на 23 натпревари, Коби дојде до својата 4-та НБА титула и прво признание МВП на едно финале.
5. Леброн Џејмс-697 поени (2012)
ЛЏ стигна до својата прва НБА титула. Најзабележителна партија пружи во натпреварот против Селтикси кога постигна 45 поени заедно со 15 скокови.
4. Шекил О’Нил-707 поени (2000)
Во својот стил, Шек со целосна доминација на секој натпревар, постигнуваше во просек 30.7 поени по натпревар и 15.4 скокови. Во натпреварот број 2 од НБА финалето постигна 40 поени и 24 скокови .
3. Ален Ајверсон-723 поени (1995)
Секој дел од својот талент Ајверсон го покажа на светот таа година, водејќи Филаделфија на чекор до НБА титула. Истата таа година беше прогласен за МВП на сезоната и за најдобар стрелец. “Одговорот” е единствениот од оваа листа кој нема освоено НБА титула вос војата кариера.
2. Хаким Олајџувон -725 поени (1995)
Олајџувон таа сезона постигнуваше во просек по 33 поени по натпревари. Сезоната 1995 и 1994 беа најдобрите 2 индивидуални сезони за еден играч во историјата на НБА. Во 1994 беше подобар од Патрик Јуинг а наредната сезона од Дејвид Робинсон и Шек.
1. Мајкл Џордан-759 поени (1992)
Легандата. Најдобриот. Неприкосновениот. Недостижниот. МЏ имаше просек од 34.5 поени по натпревар. Исклучителни висок број поени постигнуваше во серијата од 7 натпревари против Никси ви Источното финале.
0 comments:
Post a Comment