Home » , » Дурант: Лејкерси се најдобри само на хартија

Дурант: Лејкерси се најдобри само на хартија

Written By Anonymous on 27.8.12 | 12:59


Дурант изјави дека се сеќава како за време на тренинг кампот на тимот на САД за ОИ, Брајант им рекол дека Хауард ќе биде дел од Лејкерси. Сите мислеле дека само се шегува и никој не му поверувал.

“Дури еден месец пред да биде напраевен трејдот Брајант ми кажа дека во Лејкерси ќе пристигнат Неш и Хауард. Нормално дека не му поверував. Мислев дека го кажува тоа на шала. Но, излезе токму така. Лејкерси ги доведоа и Неш и Хауард. И сега се и тоа како поквалитетни. Хауард беше во планот на многу тимови но изгледа Лејкерси се вистинскиот тим за него. Се радувам на предизвикот да се натпреварувам против новиот Лејкерс. Луѓето, навивачите, медиумите и сите други секако дека ќе речат дека Лејкерси се фаворити бидејќи искрено кажано на хартија ја имаат најдобрата петорка во цела лига. Но мора да се играат натпреварите, да победат, да бидат шампиони за да бидат најдобри, а се дотогаш ќе имаат конкуренција. Го почитуваме секој тим во лигата, и сакаме да не почитуваат. Секоја година мора да се докажуваме, така ќе биде и оваа сезона.”-изјави Дурант.

0 comments:

Post a Comment