РАНИ ГОДИНИ
Патрик е роден во Јамајка во далечната 1962. година на денешен ден (5. август). Уште од рани години се интересирал за спортот, а неговата прва љубов беше крикетот, како и фудбалот. Кога Патрик имаше 11 години неговото семејство се пресели во Кембриџ, а крикетот и фудбалот со доаѓањето во САД ги замени со кошарката. Во средното училиште го предводеше својот тим до 3 титули. Во 1980. година стана првиот играч од средно школо кој бил на проба со тимот на САД.
КОЛЕЏ
Патрик Јуинг пред да пристигне во Џорџтаун колеџот имаше многу понуди од различни факлтети во САД. Сепак се одлучи за Џорџтаун. Го предводеше тимот Хојас до НЦАА титулата во 3 од 4. сезони. Џорџтаун загуби во финалето од Северна Каролина во 1982. година и од Виланова во 1985. година. Сепак, тимот ја освои НЦАА титулата во 1984. година.
Јуинг кој бележеше 15.3 поени (62% шут од поле) и 9.2 скока по натпревар, беше избран за МВП на НЦАА лигата во 1984 година и исто така се закити со наградата Нејсмит играч на годината во 1985. година.
ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА
Њу Јорк Никс:
Патрик Јуинг беше избран како прв пик на драфтот од 1985. година. Тој бележеше околу 20 поени, 9 скока и 2 блока како руки во сезоната 1985-1986. И покрај тоа што пропушти 32 натпревари поради повреда на коленото, тој беше избран за Руки на годината и стана прв играч кој ја освоил таа награда по Вилис Ред. Јуинг ќе продолжи да бележи над 20 поени по натпревар во следните 13 сезони.
Во сезоната 1989-90 Јуинг ги имаше најдобрите бројки. Бележеше 28.6 поени (највиски во кариерата), 10.9 скока (5. во лигата), беше 6. во процент на шут (55.1) и беше втор во блокади - 3.9.
Никси бележеа +50 победи во четири сезони откако Пет Рајли ја презеде функцијата на тренер во сезоната 1991-92.
Тој бележеше 24.5 поени и 11.2 скока по натпревар во сезоната 1993-94 (прва по пензионирањето на Џордан) и ги предводеше Никси прв пат во финалето по 1973 година. Сепак, Никси загубија во 7. натпревари од Рокетси.
Сепак, по поразот во финалето, Јуинг повторно се издигна и во следните сезони повторно беше одличен, помогнувајќи му на тимот во 1999. година повторно да влезе во финалето. Никси тогаш беа 8. пласирани на Истокот, и со пласманот во финалето станаа првиот тим кој бил 8. пласиран во сезоната да игра финале. Сепак, овој пат Спарси ги надвладеаа Никси и победија со 4-1 во финалната серија.
Јуинг изигра уште една сезона после тоа за Никси, водејќи го тимот во конференциското Финале, но сепак Пејсерси беа прејаки за повредениот Јуинг и распарчените Никси.
Сиетел Супер Соникс:
Пред сезоната 2000-01, Јуинг беше трејдуван во Сиетел во трејд помеѓу 4 тимови кои ги содржеше Глен Рајс, Луч Лонгли, Тревис Најт, Вернон Максиел, Владимир Степаниа и Ларазо Борел. Јуинг изигра една сезона за Сиетел бележејќи 9.6 поени и 7.4 скока во 79 натпревари.
Орландо Меџик:
Јуинг потпиша со Меџик како слободен играч пред сезоната 2001-02, и за тимот изигра една сезона бележејќи околу 6 поени и 4 скока како резерва.
Низ кариерата бележеше околу 21 поени и 10 скока, а кариерата ја заврши со вкупно 24,815 поени, 11,607 скока и 2,894 блока во 1,183 натпревари.
ОЛИМПИСКА КАРИЕРА:
Јуинг беше член на тимот на САД во 1984. година, а тој тим воедно беше последен аматерски тим кои освоил златен медал на ОИ. Јуинг беше трет лидер во поени бележејќи 11 по натпревар. Неговите 5.6 скока по натпревар беа втори на тој олимписки турнир.
Подоцна Јуинг доби шанса да биде дел од единствениот и оргиналниот Дрим Тим на САД во 1992. година на ОИ во Барселона. Тој тим беше прв ОИ тим кој содржеше НБА играчи, а Јуинг беше прв центар на тимот пред Дејвид Робинсон. Бележеше по 9.5 поени и 5.3 скока во 8 натпревари.
Ова се неговите конечни достигнувања во кариерата:
- 11Х Ол Стар
- 1Х член на прва НБА петторка
- 6Х член на втора НБА петторка
- 3Х член на втора одбрамбена петторка
- Руки на годината
- Член на првата руки петторка
- НЦАА шампион
- Две злата на ОИ, Лос Анџелес и Барселона
- Единствен играч на Никси со +1000 натпревари
- Дресот со број 33 е повлечен од употреба од страна на Никси
- Во 1993. година води по бројот на дефанзивни скокови - 789
Најмногу поени во еден натпревар: 51
Најмногу скока во еден натпревар: 26
0 comments:
Post a Comment