
Стручниот штаб на Бостон Селтикси го гледа Џејсон Тери како идеална замена за Реј Ален за нередната сезона.За ова е свесен и самиот Џејсон кој изјави дека ќе ја проучи играта на Реј Ален кој од следната сезона ќе игра за актуелниот шампион Мајами.
Искусниот Тери нагласува дека во потпилност е спремен да прифати било каква улога во екипата на Селтикси, а како што и сам кажува во последно време ја проучува играта на Ален.
“Почнав да ги гледам натпреварите на Реј Ален, како се движи и ги користи блоковите“ - вели Тери додека минатата сезона шутираше 38% од линијата за 3 поени.
“Верувам во системот на Док Риверс.Веќе правам некои работи ги убежбувам, но моментално сум сконцентриран на движењето без топка и излегувањето од блок во можноста за шут за 3.Тоа е прилично тежок шут, но верувам дека ке го додадам во својата игра и ке и помогнам на екипата.“ - додаде популарниот Џет.
Своето задоволство во исчекувањето на сезоната во новиот дрес Тери го покажа со новата тетоважа.

0 comments:
Post a Comment