
Двајцата како први пикови стигнаа во Меџик, исто така двајцата заминаа во Лејкерси да го направат она што не можеја во Орландо.Да освојат титула.
Познато ви е на сите што направи Шек со Лејкерси во тандем со Коби Брајант.Освои 3 титули во низа, а беше и 3 пати МВП на финалето.Сега ни останува да видиме што ќе направи Хауард во следните сезони со Коби и екипата.
Кога веќе нагласено се споредува веќе долго време, а познато е дека тоа е по фактот дека Хауард е наречен Супермен откако го освои шампионатот за забивиње, надимак по кој е познат О’Нил.
Сепак кога е погледната статистиката и анализата на двајцата, не е тешко да се оддели сето тоа.
Да почнеме од нивните руки сезони.Хауард имаше сосема солидна.Одма беше стартер во екипата со 12 поени и 10 скока.Од друга страна О’Нил беше инстант сензација во лигата.Доминираше од првиот натпревар со бројки од 23 поени и 13 скока.
Шек дојде до титулата за најдобар стрелец со 29,3 во просек уште во својататрета сезона.Хауард е офанзивно најдобар центар иако никогаш не ни бил блиску до тоа признаније.

Главните критичари на Хауард секогаш тврдат дека нема активен напаѓачки арсенал во рекетото туку дека секогаш се истакнува со физичка сила и предспозиција.Апсолутниот господар на рекотот сео комбинација на инзвонредната работа на нозете и со сила доминираше и преку 10 години, па може да се заклучи дека О’Нил е неспоредливо подобар во нападот.
Меѓутоа може да се сложиме дека Двајт е подобар дефанзивец.Хауард два пати е најдобар блокер во лигата, додека Шек не успеал.Покрај тоа Хауард веќе 5 пати е најдобар скокач на лигата бележејќи преку 1000 скока по сезона шест пати во 8 сезони колку што одигра.О’ Нил има преку 1000 скока во своите први сезони, меѓута успеа повторно само еднаш до крајот до крајот на кариерата.Двајт Хауард беше три пати и најдобар дефанзивец на лигата, а Шекил никоаш не ни усепал.
Тоа што е исто така важно дека Шекил со Орландо успеа да стигне еднаш до финалето нешто како и Хауард.Двајцата изгубија.О’Нил изгуби од Хјустон предводен од Хакем Олајжуван, додека Хауард изгуби од Коби и компанијата.
Токму имињата како Хакем и Коби доста зборуваат за себе.Имено кога Шек беше во Орландо во текот на 20 годнини доминираа центри како Хакем, а покрај него и Патрик Јуинг и Дејвид Робинсон.Сите членови на Хал оф Фејмот.Од друга страна Хауард ни најблиску нема конкуренција на својата позиција.
По овие податоци Шекил сепак има мала предност во однос на Двајт ако се гледаат нивните години поминати во Орландо.

Покрај нивните игри многу се споредуваат нивните личности и однесувањето надвор од теренот.Двајцата имаат одредени харизми, но во оваа кагеторија има предност човекот кој имаше надимаци како Дизел, Кондуктер, Големиот Кактус, Големиот Аристотел и секако Супермен.
О’Нил после заминувањето на Џордан беше прва ѕвезда и лице на најаката кошаркарска лига полни 10 години завидувајќи му луѓе ширум светот со својата појава на и надвор на кошаркарскиот терен.
На Хауард сега му престои задача да ја продолжи традицијата на добрите игри кој великаните на Лејкерси на цантарската позиција како Џорџ Микан, Вилт Чамберлејн, Карем Абдул - Џабар и самиот Шекил О’Нил.
Што мислите вие кој е вистинскиот “Супермен“ ?
0 comments:
Post a Comment