
Кога ќе го слушнам зборот плејемејкер веднаш помислувам на Ражон Рондо.Но, многу критирачи не мислат како мене, туку веднаш помислуваат на Крис Пол, Дерик Роус и Дерон Вилиас.Причина која е тешка да се објасне, но статистиката и овогодинешниот плејоф, Рондо ни докажа дека е најдобриот плејемејкер во лигата, пас-плејемејкер после Меџик Џонсон и Џон Стоктон барем според мене.Па ајде да ги споредиме сите овие од листата со Рондо.
РОНДО VS КРИС ПОЛ

Крис Пол можеби го засени Рондо во нападот за нијанса поради доброто темпо на Клиперси во плејофот.Кога Ален се повреди Рондо го покажа вистинското лице за тоа каков играч може да е во нападот, демонстираиќи и со одлична одбрана со што е еден од најдобрите дефназивни плејмејкери моментално во лигата.Тој следната сезона ке се покаже најдобро во нападот каде и ке ни покаже зошто е најдобриот плејмејкер во НБА лигата.
Дури и ако Крис Пол би имал подобра сезона, Рондо е супериорен дефанзивец, и докажан играч за во плејофот, и е подобар играч, неговиот скок шут станува се подобар и подобар и ништо чудно ако го надмине на Крис и во таа категорија.
РОНДО VS РОУС

На прв поглед на овие статистики Рондо е несоменено подобар пасер, дефанзивец и скокач.Не можат да се споредат во овој плејоф поради раната повреда на Роус уште во првиот натпревар, но сепак Роус не е типичен играч за пас како Рондо.Додека Роус е ОЧИГЛЕДНО подобар СТРЕЛЕЦ, тешко е да се одреди кој играч е подобар поради различниот стил на игра.Ако гледаме како “вистински плејмејкери“ тогаш Рондо без соменение е подобар.Да се биде плејмекјер е повеќе да се влегува со топката на двочекор отколку да се шутира од рекет без тимска работа.Рондо ја води лигата во трипл-дабали, и според статистиката е подобар играч, и плејмејкер.Уште еднаш, Роус е подобар стрелец, но Рондо е подобар плејемејкер.
РОНДО VS ВИЛИЈАМС

Па, ако Вилијамс е поентер и шутер, Рондо е асистент, дефанзивец што е поважно за еден плејмејкер така да и оваа битка е на страната на Рондо.
Заклучок : Рондо игра најдобро, а засега најголема конкуренција му е Крис Пол.Рондо е дури подобар и од Роус и Вилиамс во регуларната сезона.Јасно е дека е најдобриот плејмејкер во НБА лигата, нешто што го кажавме повеќе пати во оваа колумна.
0 comments:
Post a Comment