
Доаѓа време кога во кариерата на НБА играч треба да ја воспостави рамнотежата на својата игра во лигата. Ова особено се важи за играчи со добар пик во драфтот, кој имаат потешкотии да ја најдат таа рамнотежа.
Еве ги најдобрите 5 играчи кој мораат да ја најдат таа рамнотежа особено сезонава.
1. Ендру Бајнам, Филадефлија

Неколку години Бајнам докажа дека сака да биде најдобар играч во тимот, и сега кога дојде во Филаделфија ја доби таа шанса. Очекувањата се чисти; Бајнам ќе ги води Сиксерс до плејоф каде што биле до сега години назад, и со надеж до шампионска титула. Тоа е многу товар да се стави на рамењата на играчот, но Бајнам го бараше и сега го има. Бајнам доаѓа од најдобрата своја сезона во кариерата, кој просечно даваше по 18.7 поени, 11.8 скокови и 1.9 блокади во 60 натпревари од точно 66. Сметајќи дека тој беше третата опција после Коби и Гасол, има многу причини да се верува дека ќе биде подобар во Филаделфија.
2. Ендру Богут, Голден Стејт Вориорс

Ако прашате било кој тренер од НБА за Богут и ќе го слушнете истото: тој е еден од најдобрите центри во лигата. Но има и лоша страна на тоа, тој е најдобар само кога е здрав. Преку сите работи Милвоки Бакс се изморија да го составуваат тимот додека Богут се рехабилитира од повредите, и конечно го трејдуваа во Голден Стејт. Повредената нога го спречија Богут да не игра на 12 утакмици, и сега се зборува дека сака да ја врати старата форма. Ако ја врати, тогаш Вориорс се сериозни кандидати за плејофот.
3. Карлос Бузер, Чикаго Булс

Кога Булс го добија Бузер од Јута Џез, тој докажа дека многу искусен играч и научил многу од Јута, и покрај Дерик Роуз тој може да се докаже уште повеќе. Но, до ден денес тој не се докажа дека е толку добар. Тој во првата година просечно даваше по 17.5 поени и имаше 9.6 скокови, во втората тие бројки се намалија и имаше 15.0 поени и 8.5 поени. Булси имаа најдобар скор на Истокот двете години, но Бузер беше играч со улога него главен играч, а фановите очекуваа многу повеќе од него. Булси ке играат многу натпревари без омилениот на публиката Роуз оваа сезона, и треба да докажат дека можат да победуваат и без нивниот капитен, и сите треба да придонесат да тоа се случи. Бузер има шанса да се докаже и да биде играчот кој Булси се надеваат дека ќе биде.
4. Рој Хиберт, Индијана Пејсерс

Идијана Пејсерс ова лето не земаа некој значителни засилувања верувајќи дека Рој Хиберт е максимален играч. Тој е добар играч, сака да тренира кој ветува чиста иднина, но максимален? Максимални играчи се како Двајт Хауард И Ендру Бајнам кој доминираат на двете страни од теренот. Хибер не спаѓа во таа лига. Сеуште, се е решено тој останува во Пејсерс и кога Портланд тропнаа на вратата тие не го дадоа. Сега се е до Рој да докаже дека нивните инвестиции во него се правилни. Хиберт ја имаше најдобрата сезона во неговата кариера , просечно 12.8 поени, 8.8 скокови и 2.0 блокови, и беше избран во Ол-стар тимот. Заслужено, но имаше многу среќа бидејки во тој период беа повредени и Двајт Хауард и Брук Лопез. Очекувањата на Пејсерси се големи од кога Милер се пензионираше, и затоа Хиберт мора да прејде на следното ниво на неговата кариера. Кога му дадоа максимална плата мора да биде максимален играч.
5. Брук Лопез, Бруклин Нетс

Нетс беа сигурни дека Двајт Хауард ќе биде стартниот центар, но нивниот друг план исто така е многу добар. Брук Лопез не е силата како Двајт Хауард, но има можности да поентира и има потенцијал да биде еден од најдобрите центри во лигата. Пред да се повреди, Лопез се појави во 82 натпревари во првите три сезони тој напредуваше многу. Тој просечно даваше по 20 поени и шутираше 50% од полето и 80% од линијата за слободни фрлања во 2010-11, и имаше 1.5 блокади по натпревар и даваше по 1.6 асистенција по натпревар. На Нетс им треба Лопез да фаќа повеќе топки под на двете страни на теренот и да биде меѓу 10-те најдобри скокачи во лигата.
0 comments:
Post a Comment