
Во лигата влезе како 1 пик на драфтот од 1989 година избран од Сан Антонио Спарси.Никогаш не замина во друг тим.Играше со лојалност, верност за својот тим.Уште во првата година не разочара и ја доби наградата за Дебитант на Годината во НБА лигата.Исто така играше и на ол старот.

На 24 април 1994 година постави рекорд по постигнати поени во натпревар - 71.9ти е на листата по постигнати поени во натпревар зад Вилт Чамберлеин, Коби Брајант, Дејвид Томпсон и Елгин Бејлор

Исто така е и еден од ретките кој направиле “Quadruple-double“, а тој има направено само еднаш.34 поени, 10 скока, 10 асистенции и 10 блока.
Во 1997 со пристигнувањето на Тим Данкан во Спарси и во лигата заедно одат кон нов почеток кон нов поход кон титулата откако по освојувањата на Џордан (6 пати), Томас (1) и Хакем Олуџавон (2) Робинсон беше онеспособен да ја освои титулата.Конечно во 1999 таа пристигнува во рацете на Тим и Робинсон по победувањето во финалето на Никси предводени од Џон Старкс и Патрик Јуинг со резултат од 4-1.

Исто така вредно е да се спомене дека е вклучен во најдобриот тим на сите времиња “Дрим Тимот“ од 92 година во Барселона каде освои злато како и во 1996 година во Атлата резултираше со злато.
Во 2009 година на 11 септември е вклучен во куќата на славните.

0 comments:
Post a Comment