
“Ние не сме Дрим Тим.Само американска репрезентација на ОИ во Лондон.Точка!“ - вели ЛеБрон во свој став и за споредбата на американската репрезентација на ОИ во Барселона пред 20 години.
Во саботата Американците стигнаа до победа на Литванците со резултат од 99:94.
“Кога имате против себе тим кој добро трча и одлично шутира, што Литванците против нас имаа, немате проблем.Ние не сме непобедливи.Сите денес сме победливи.Но, ние ја добивме таа утакмица.Да изгубевме, ќе имаше драма.Вака нема место за неа.Во кошарката важно ви е да го исконтролирате резултатот во последната четвртина.Ние тоа го направивме.“
Помалку изненадувачко е дека Џејмс не го следеше натпреварот помеѓу Шпанија и Русија во кој Русија славеше.
“Не ни знаев додека не ми рековте.Не се замарам со иднината.Важен ни е првиот иден натпревар, кога понеделник играме против Аргентина.За Шпанија ќе размислуваме кога ке дојде на ред, ако дојде.Во секој случај се работи за одлична репрезентација.“
За крај Џејмс се сврте кон настапите кој велат дека оваа репрезентација е екипа на ЛеБрон Џејмс.
“Не ми се допаѓа тоа.Малку ми е и неудобно.Коби Брајант е најголема ѕвезда меѓу нас, играч кој го гледавме како деца.Ја покажа својата големина постигнувајќи им на Нигериците 16 поени за 10 минути.“
0 comments:
Post a Comment