Home » , » Брајант :“Намерата ми е да ја завршам кариерата во Лондон“ !

Брајант :“Намерата ми е да ја завршам кариерата во Лондон“ !

Written By Anonymous on 6.8.12 | 19:23


kobe-bryant
Во разговор за Јаху Спортс најдобриот кошаркар во последната деценија Коби Брајант рече дека играчката кариера сака да ја заврши во Европа.

“Одењето во Европа за мене би било природно завршување на патот.Не претерувам.Пораснав овде и би сакал овде повторно да играм.“ - вели кошаркарот на Ла Лејкерси кој продолжува :
 “Пред тоа морам да се консултирам со стручните лица за пазарот.Одично се игра во Турција (еден од спонзорите на Брајант е и Туркиш Еарлајнс), Шпанија веќе со години има најдобра лига, додека Италија е во моето срце, таму поминав 7 години од моето детство.На жалост италјанската лига не е моментално конкурентна.“

Договорот на Брајант со Лејкерси трае уште 2 години.По тоа што ќе го одработи, со неполни 36 години би се преселил во Европа.

Минатата година Брајант, иначе голем фан на Барселона и најдобриот фубалер Лео Меси, јавно  стапи во контакт со Каталонците.

“Чекам повик од Барселона.Се надевам дека тоа ке се случи.“

“Ја обожавам Барселона.Сите знаат дека се зборува за најдрагиот тим.Секогаш сум го сакал стилот на игра : пас игра со многу креативност и упорност.Им завидувам.“ - вели Брајант за Барселона.



0 comments:

Post a Comment