Лејкерси го зајакнаа својот тим доведувајќи ги Двајт Хауард и Стив Неш. Оклахома Сити Тандер се млад тим кој ќе биде подобар тим благодарение на искуството што го добија од последното Финале против екипата на Мајами Хит. Бостон исто така го подобрија својот тим ова лето.
Но кога Сем Ејмик од "Sports Illustrated" анкетирал 19 официјални лица на НБА лигата, од кои 10 се генерални менаџери, во врска со победник за следната сезона, тие сеуште биле наклонети кон Хит.
"Конечните резултати беа: Бранителите на шампионската титула, Мајами Хит, добија 15 гласа за 1-во место, 1 глас за 2-ро место и 3 гласа за 3-то место. Оклахома Сити добија 2 гласа за 1-во место, 6 гласа за 2-ро место и 8 гласа за 3-то место. Лејкерси пак, кои покрај Коби Брајант и Пау Гасол ги доведоа Стив Неш и Двајт Хауард, добија 2 гласа за 1-во место, 9 гласа за 2-ро место и 6 гласа за 3-то место. Можеби Лејкерс не се фаворити за победа, но тие сигурно ќе бидат едни од главните конкуренти на Мајами Хит."
Според оваа колумна на Ејмик, екипата на Мајами Хит има најголема шанса за добивање на нова шампионска титула. Но не смееме да ги заборавиме и веќе споменатите големи конкуренти на Хит- Оклахома Сити Тандер и Лос Анџелес Лејкерс.
0 comments:
Post a Comment