Home » , » Коби покрај шегите и фалењата успеа да го доведе Двајт

Коби покрај шегите и фалењата успеа да го доведе Двајт

Written By Anonymous on 27.8.12 | 21:02


Коби изјави дека како ветеран во тимот на САД на Олимписките игри во Лондон имал за задача да ги опушти играчите односно да го имаат нормалниот однос каков што би го имале кога не би биле на овој настан.

Како тој тоа го правел можеме да заклучиме од интервјуто на Кевин Дурант со Марк Спирс за Yahoo Sports каде што и го промовираше својот нов филм “Thunderstruck”.

“Коби би сето тоа почнал да го прави уште месец пред почетокот на игрите. Тој беше како мало дете и говореше нешто во стилот : -Ќе го земеме Двајт. Исто така ќе го земеме и Стив Неш. 
Цело време тој се шегуваше, се смееше, правеше шеги на туѓи сметки (со осет). Мое мислење е дека никој не обврнуваше внимание на тоа што го збори освен јас и самиот Коби. И сепак испадна дека не се шегувал. Тие сега се посилни, многу посилни. Двајт беше уфрлан во скоро секој можен тим од НБА лигата, но сепак изгледа како тој да ја донел одлуката.”

Toa e Коби. Тој како и да е ќе продолжеше со шегите, дури и да не го доведоа Двајт. Но сепак им успеа. Сега во репертоарот на Коби на ред се шегите од типот: - Ви реков.

Можете да бидете сигурни дека ќе ги има ваквите шеги...и тоа многу.

0 comments:

Post a Comment