АТЛАНТА ХОКС: Ал Хорфорд
Ал Хорфорд е силен, голем, доминантен центар во редовите на Атланта Хокс, но до оваа точка во неговата кариера неговите бројки не ја покажуваат насоката кон НБА ѕвезда.
До сега, Хорфорд има просеци од 12.8 поени, 9.4 скока и 1.1 блок по натпревар, а знаеме дека Ал може повеќе од ова.
Секако дека видовме зголемување на бројките од почетокот на неговата кариера до сега, особено во процентот на реализација од поле, се пред да се повреди на почетокот на минатата сезона. Со ова подобрување, знаеме дека неговата кариера оди во добра насока.
Наредната сезона ќе игра со една ѕвезда помалку во редовите на Хокс, односно без Џо Џонсон, па ова треба да значи дека Хорфорд ќе треба да превземе поголем дел од офанзивата на тренерот Лери Дру. Со новите плејмејкери во тимот, како Девин Херис и Лу Вилијамс, би можеле да го видиме со поголема работа во нискиот пост и очекуваме поголем дел од неговите поени да доаѓаат оттука.
БОСТОН СЕЛТИКС: Кортни Ли
Кортни Ли има изградено солидна НБА кариера до сега, но никогаш во ниту еден тим не играл со плејмејкер како Ражон Рондо, односно плејмејкер со прегледност на теренот како Рондо.
Рондо минатата сезона им асистираше на своите шутери по 11.7 пати на натпревар, а Реј Ален имаше значаен придонес во зголемување на овие бројки во кариерата на Рондо.
Кортни Ли можеби нема да ја завземе стартната позиција во Селтикс и нема да има толку важна и висока улога како што имаше Ален во последните 5 години, но сигурно ќе има поголем придонес во процентот на реализација за 3 поени кај тимот на Бостон. Ли знае да распали од тројка, а има реализација од 40 % до сега во неговата кариера.
Рондо навистина ќе го вклопи во офанзивната игра на Бостон со тоа што ќе му мести шутеви за 3 поени, но каде што вистински Ли би се вклопил во Бостон е на дефанзивниот крај.
Со ова, стигнуваме до заклучок дека Ли ќе има голем придонес на двата краја на теренот за Селтикс, а тоа може да му придонесе за да ја одигра најдобрата сезона во својата кариера.
БРУКЛИН НЕТС: Брук Лопез
Брук Лопез има супер кариера до сега, постигнувајќи просеци од 17.5 поени, 7.7 скока и 1.6 блока по натпревар. Овие бројки за центар од негов калибар покажуваат светла иднина со плејмејкер како Дерон Вилијамс и шутер како Џо Џонсон.
Како и да е, неговиот придонес во развојот на Нетс е минимален, бидејќи со него тимот никогаш не одиграл плеј-оф натпревар и има победнички процент помал од .415.
Со сосема нов ростер и сосема нова арена во која ќе игра, Лопез може да им покаже на Нетс дека не погрешиле што не го трејдувале со Двајт Хауард, како и што му дале да потпише максимален договор од 5 години.
Брук Лопез може да им допринос на двата краја на теренот и ако остане здрав во поголем дел од сезоната, може да се префрли на Ол - Стар ниво.
МарШон Брукс можеше да биде кандидат за оваа улога кај Бруклин Нетс, но со Џо Џонсон на ростерот, не очекувајте голема минутажа и силна сезона од него.
ШАРЛОТ БОБКЕТС: Мајкл Кид - Гилхрист
Кид - Гилхрист ќе биде од се по нешто во Бобкетс нареднава сезона. Беше избран со 2. пик на драфтот оваа година, а тоа е сосема оправдано, бидејќи може да ја смени целата франшиза на Шарлот Бобкетс во сосема друга насока.
Мајкл е силен дефанзивец на теренот, солиден играч за на "highlight-reel" и може да биде најдобар играч на ростерот на Бобкетс.
Иако е само дебитант, Мајкл Кид - Гилхрист се предвидува да прерасне и во силен офанзивен играч со напорна работа, а работите на дефанзивниот крај ќе бидат сведени во главно на него оваа сезона.
ЧИКАГО БУЛС: Луал Денг
Денг за прв пат во својата кариера ја облече Ол - Стар униформата минатата сезона, а сега откако дознавме дека Роуз ќе ја пропушти скоро цела сезона за Булс, Денг ќе биде NO.1 опција за Том Тибедоу на теренот.
Во неговите 8 сезони постигнуваше во просек во 16 поени по натпревар, а се очекува да ја одигра најдобрата сезона во својата кариера во предстојната 2012/2013 сезона.
Со неговата висина и вертикалност може лесно да дојде до лесни поени во нападот, иако знаеме дека не е баш креативец на офанзивниот крај. За неговата одбрана не треба да зборуваме, а заедно со Ноа, Гибсон и Бузер сигурно ќе бидат повторно најдобар дефанзивен тим во лигата.
КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС: Кајри Ирвинг
Кајри несомнено ја одигра најдобрата руки сезона лани, а влегувајќи во неговата втора сезона со Кливленд може да се стабилизира како еден од најдобрите плејмејкери во лигата.
Првиот пик од минатогодишниот драфт може лесно да прерасне во главен играч во пост - ЛеБрон ерата во Кливленд нареднава деценија, а според неговите кошаркарски манири лесно може да стане и играч од МВП калибар во иднината.
Има одличен преглед на теренот, одлично чувство за шут од далечина, а неговата можност да постигнува поени кога сака го прави еден од најдобрите генерали на теренот низ НБА.
Постигнувајќи 18.5 поени, 5.4 асистенции и 3.8 скока по натпревар минатата сезона, може да се каже дека Кајри е веќе ѕвезда.
Со ова кажано, Кливленд треба да продолжи да гради околу него, Ирвинг треба да продолжи да ја надградува својата игра и сигурно да направи ''врева'' околу лигата наредната сезона.
ДАЛАС МАВЕРИКС: О.Џ. Мејо
О.Џ. Мејо има Ол - Стар талент уште кога влезе во лигата во 2008 година, но никако да најде постојана позиција во Мемфис и тој талент максимално да го искористи.
По одличната руки сезона, во која постигнуваше по 18.5 поени по натпревар, неговите бројки опаѓаа и опаѓаа, неговата позиција во тимот исто така, се додека не дојде денот кога е слободен агент и кога потпишува со Маверикс.
Иако Далас Маверикс оваа сезона ќе изгледаат многу поразлично отколку во минатото, Мејо ќе има голем придонес во тимот, со што може да го наградат со облекување на Ол - Стар униформата.
ДЕНВЕР НАГЕТС: Тај Лоусон
Со оглед на тоа колку е "длабок" со играчи тимот на Денвер, Џорд Карл мора да одреди еден играч кој ќе биде вистинска ѕвезда во тимот, односно т.н. ''go-to'' играч. По одличната сезона одиграна оваа година, се чини дека Тај Лоусон ќе ја превеземе таа улога.
Лоусон излегува од сезона во која постигнуваше по 16.4 поени, 6.6 асистенции и 3.7 скока по натпревар, а сите овие бројки се најголем дострел во неговата кариера.
Тој има одлично развиен скок-шут, а минатата сезона покажа дека може да ги внесе и своите соиграчи во играта со бројните асистенции.
Ако тимот донесе уште некоја посериозна ѕвезда во тимот во иднината, Денвер заедно со Лоусон може повторно да прераснат во сериозен тим за титулата.
ДЕТРОИОТ ПИСТОНС: Грег Монро
Некогаш најдобриот начин да се научи нешто е да подучувате некого покрај вас. Ова е случајот со Грег Монро и дебитантот Андре Драмонд покрај него.
Драмонд влегува во НБА како одличен талент за надоградување, а сигурно ќе му треба некој поискусен центар покрај него за да научи нешто повеќе. Грег Монро ќе биде вистински учител за Андре Драмонд, како тој би се адаптирал на НБА играта.
22 - годишниот центар на Детроит излегува од солидна втора сезона во неговата кариера, каде што постираше бројки од 15.4 поени и 9.7 скока по натпревар.
Има доста простор за да видиме многу напредок во играта на Грег, но како што ќе го води Андре Драмонд низ сонот наречен НБА, неговата игра ќе биде таа што ќе види најмногу прогрес.
ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС: Клеј Томпсон
Откако Монта Елис беше трејдуван за Ендру Богут минатата сезона, може да видиме многу од Клеј Томпсон во неговата втора сезона како стартер за Голден Стејт Вориорс.
Томпсон постигнуваше 12.5 поени во неговата руки сезона со Вориорс, но овие бројки не ја кажуваат целата приказна.
После трејдот на Елис во Бакс, Клеј Томпсон ја превзеде стартната позиција и месецот Април беше најдобриот во неговата кариера. Во Април Клеј постигнуваше по 18.5 поени по натпревар, а неговите просеци беа за 10% повисоки како стартер, откако кога доаѓаше во игра од клупата рано во сезоната.
Томпсон е природен поентер, вистинска офанзивна алка во редовите на Вориорс, кој што шутираше 41 % од линијата за 3 поени минатата сезона.
Неговото соединување со новиот дебитант во редовите на Голден Стејт Харисон Барнс дополнително ќе ја ослободи неговата игра, со што може да дојде до главната позиција во тимот на Голден Стејт наредната сезона.
ХЈУСТОН РОКЕТС: Омер Ашик
Заедно со Џереми Лин во Хјустон, Омер Ашик најверојатно ќе ја одигра својата прва сезона како стартер за некој тим, а со тоа би требало да ја одигра и најдобрата сезона во својата кариера.
Хјустон Рокетс се откажаа од Маркус Кемби ова лето, а покрај сите обиди не успеаа да го доведат ниту Двајт Хауард во нивните редови.
Ашик беше центар замена за Џоаким Ноа во редовите на Чикаго Булс изминативе 2 сезони, но сега потпиша повеќе - годишен договор со Хјустон Рокетс, во кој што би требало да ги оправда парите што ќе ги заработува.
Ашик е пред се одличен дефанзивец, а за неговата офанзива ќе треба малку повеќе работа. Но, сепак со поголема минутажа и повеќе време за работа може да прерасне и во добар стрелец во нападот.
ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС: Рој Хиберт
Рој Хиберт потпиша долгогодишен договор со Пејсерс ова лето иако беше многу блиску до потпис со Портланд ТреилБлејзерс.
Центарот на Пејсерс излегува од најдобрата сезона во својата кариера, каде што постираше највисоки просеци во својата кариера во поени, скокови, блокови и процент на реализација од поле. Има одличен талент за надоградување, а неговите млади години само го надополнуваат тоа.
Неговата доминација беше најсилна во плеј-офот изминатава сезона и очекувајте таа доминација да продолжи во наредната 2012/13 сезона.
Пол Џорџ беше исто така кандидат за да ја одигра најдобрата сезона во својата кариера во Индијана, но играјќи заедно со капитенот Дени Грејнџер на периметарот, потешко ќе се развие отколку Рој Хиберт.
ЛА КЛИПЕРС: ДеАндре Џордан
Сезоната 2012/13 можеби ќе биде сезона во кој потенцијалот на ДеАндре Џордан ќе се сврти во талент од Ол-Стар калибар.
Височината и можноста за висок скок го направи еден од подобрите дефанзивци во лигата, а сега заедно со Крис Пол во втората сезона може да биде и нова опасност од pick-and-roll офанзивата.
Џордан постигнуваше највисоки бројки во својата кариера минатата сезона, но каде што навистина имаше придонес кон ЛА Клиперс беше во одбраната.
Постигнуваше скоро по 2 блока на натпревар, а како што напоменавме има талент и предиспозиции за да прерасне во еден од најдобрите дефанзивци во лигата, а тоа ќе може да го пренесе и на Ол-Стар терените.
ЛА ЛЕЈКЕРС: Ендру Бајнам
Никој во тимот на Лејкерс неможе да му ја превземе оваа улога на Бајнам, како играч кој ќе ја одигра најдобрата сезона до сега во својата кариера.
Бајнам можеби и требаше да ја освои наградата за најподобрен играч минатата сезона пред Рајан Андерсон од Орландо, со оглед на тоа дека ја одигра најдобрата сезона во својата кариера. Но тоа не треба да значи дека не треба да продолжи да се надоградува понатаму во својата кариера.
Сега со Стив Неш како главен плејмејкер во редовите на Лејкерс, очекувајте повеќе pick-аnd-roll офанзива. Неговата офанзива е една од најдобрите центарски гледано во лигата, но секој нов дел во неговата игра што ќе може да го додаде, ќе го направи само подобар играч.
Сеуште е можно да Ендру Бајнам воопшто не ја стартува сезоната со Лејкерс, но сепак ја заслужи оваа номинација.
МЕМФИС ГРИЗЛИС: Руди Геј
Немојте да бидете воопшто изненадени ако Руди Геј направи еден сериозен скок во играч од Ол-Стар калибар наредната сезона.
Геј е одлчен поентер, природен офанзивец, а последниве неколку години покажува знаци и на подобрување во неговата одбрана.
Постигнувајќи по 20 поени по натпревар секоја сезона од својата дебитантска, Руди Геј превезе доста чекори како би се направил себеси подобар севкупен играч.
Моментално заедно со Рендолф и Гасол е лидер во тимот Мемфис Гризлис, а сега и со заминувањето на О.Џ. Мејо поголемиот дел од нападот ќе падне во негови раце.
МАЈАМИ ХИТ: Марио Чалмерс
Ќе биде тешко за секого заедно со Големата Тројка и Реј Ален во Мајами да стабилизира позиција како клучен играч, но како што оди напред во својата кариера Марио Чалмерс осигурува плејмејрско/шутерско место во екипата на Мајами Хит.
Популарниот "Рио" минатата сезона покажа дека може да биде сериозен шутер од линијата за 3 поени, а кога Двејн Вејд и ЛеБрон Џејмс на влез ја исфрлаат топката надвор до шутерите, Чалмерс ќе биде уште една опција плус покрај Реј Ален.
Чалмерс очигледно прави грешки на теренот, но како што се развива ќе почне да прави паметни одлуки на плејмејкерската позиција.
МИЛВОКИ БАКС: Брендон Џенингс
Бројките на Џенингс се подобруваа од година на година, неговата продукцијата на теренот значително расте, но неговиот доста ефикасен скок-шут е под знак прашалник понекогаш.
Нареднава сезона ќе биде прва целосна сезона заедно со Монта Елис како шутер до него, а Елис несомнително ќе му ги подигне и асистенциите и поените.
Елис сака да игра брзо и експлозивно исто како и Џенингс, двајцата се добри дриблери со топката и двајцата можат да манипулираат со противничката одбрана во секое време.
Џенингс излегува од сезона каде што постигнуваше во просек по 19.1 поени по натпревар, што беше највисок дострел во неговата кариера. Се очекува само растење на овие бројки во неговата кариера, а со оглед на тоа дека Дерик Роуз ќе ја пропушти Ол - Стар возбудата, се отвара место за него да ја облече таа униформа.
МИНЕСОТА ТИМБЕРВОЛВС: Дерик Вилијамс
Можеби Рики Рубио требаше да биде на ова место во Минесота, но сепак колку што ќе се развиваат Рубио и Пековиќ во редовите на Волвси, толку ќе се развива и Дерик Вилијамс.
Со оглед на тоа дека и самиот Вилијамс не е задоволен од тоа што го покажа во првата година со Минесота, тој ќе биде дополнително инспириран за да покаже повеќе нареднава сезона.
Негова предност влегувајќи во втората НБА сезона е отсуството на Мајкл Бизли во редовите на Минесота, така да тоа ослободува многу место за Вилијамс, а освен тоа ќе треба да ги превземе и обврските во нападот што ги имаше Бизли.
Неговите 8.8 поени и 4.7 скока по натпревар, се всушност солидни бројки кога ќе ја погледнете минутажата - само 21.5 минути во просек од клупата по натпревар.
ЊУ ОРЛЕАНС ХОРНЕТС: Ерик Гордон
Ерик Гордон е сигурно прочуен околу НБА јавноста како добар играч, но нареднава сезона со сосема новиот ростер на Хорнетс може да биде сезона во која тој ќе сврти нова страница во својата кариера.
Бек - шутерот на Хорнетс има просек од 18.2 поени по натпревар во својата кариера, но се до оваа точка во неговата кариера тој беше "заглавен" со слаби тимови.
Наредната сезона светлото во Њу Орлеанс ќе биде постевено над 1. пик на драфтот Ентони Дејвис, но сепак Ерик Гордон ќе биде транзициската алка во редовите на Хорнетс.
ЊУ ЈОРК НИКС: Иман Шамперт
Сезоната на дебитанот на Њу Јорк Никс минатата сезона заврши фатално, откако го повреди коленото во натпревар против Мајами Хит во првата рунда од плеј-офот.
Пред повредата Шамперт постигнуваше по 9.5 поени во 59 натпревари одигра за Никс.
Процентот на реализација од линијата за 3 поени не е сериозен дел од неговата игра, но овој млад бек на Њу Јорк знае да се распали и да го уништи противникот.
Со отсуството на Џереми Лин и Лендри Филдс наредната сезона, Иман Шамперт може да се пресели во стартната петорка на Вудсон, а во некои случаи знае да биде и подоверлива опција од Џ.Р. Смит.
ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР: Серџ Ибака
Ибака имаше солидна 2011/2012 сезона, во која направи сериозен подвиг за земање на наградата Дефанзивец на годината.
Постигнуваше просеци од 9.1 поени по натпревар, 7.5 скока и 3.7 блока по натпревар. Беше лидер на лигата во блокирани шутеви по натпревар.
Со овие просеци и талентот кој што го има, Ибака може да ја одведе својата игра во сосема друга насока нареднава сезона.
Ова лето направи деби и на една Олимпијада со талентираниот состав на Шпанија и со оглед на тоа ќе биде доста поспремен за игра влегувајќи во нареднава сезона.
Доколку ја подобри својата офанзива, Серџ Ибака може да стане трета поентерска опција во стартната петрока на Тандер, после Кевин Дурент и Расел Вестбрук.
ОРЛАНДО МЕЏИК: Енру Николсон
Всушност никој не знае како ќе излгеда составот на Орландо Меџик во нареднава 2012/13 сезона.
Кога и да се случи тој толку очекуван трејд на Двајт Хауард, тимот ќе добие нов излгед и тогаш ќе може да се дефинира оваа улога во Орландо.
Да не беше Рајан Андерсон трејдуван во Хорнетс, можеби тој ќе ја одиграше најдобрата сезона во својата кариера за Орландо, но вака останува на некој од помладите играчи да се покаже.
Не очекувајте од Енру Николсон да биде ѕвезда на овој ростер, туку само едно пријатно изненадување во ротацијата на новиот тренер Жак Воун.
ФИЛАДЕЛФИЈА СЕВЕНТИСИКСЕРС: Еван Тарнер
Со тоа што ќе го нема Лу Вилијамс наредната сезона во редовите на Сиксерс, Еван Тарнет може да добие значително поголема улога, а можеби и стартна позиција пред Ник Јанг.
Проблемите до досегашната кариера на Тарнет беа процентите на реализација од поле и слободни фрлања, како и смаленото постигнување на поени.
Тарнер доста добар дриблер и со помош на оваа техника лесно може да дојде до изграден шут, иако имаше проблеми со реализација на шутевите за 3 поени.
ФЕНИКС САНС: Мајкл Бизли
Мајк Бизли е еден од најнеискорстените таленти во НБА лигата, бидејќи неговата кариера е исполнета со нередовност.
Како и да е, Феникс Санс треба да значи нов почеток за него, каде што ќе го реализира својот талент исполнет со силна офанзивна игра.
Заедно со Горан Драгиќ на плејмејкерската позиција, Бизли ќе добива повеќе шанси за шут од далечина, а покрај тоа и самиот ќе си создава и реализира шанси во контра-напад.
Со офанзивната како главна алка на неговата игра, Мајк Бизли конечно ќе може да го постигне врвот на своја кариера и да заигра на еден Ол-Стар натпревар.
ПОРТЛАНД ТРЕИЛБЛЕЈЗЕРС: Николас Батум
Низ неговите години со Портланд ТреилБлејзерс Батум покажа доста нередовност. Но после се и сешто, Николас Батум потпиша долгогодишен договор со Портланд, а покрај одличната последна сезона, иднината ветува уште повеќе.
Се очекува позицијата на Батум во тимот да биде зголемена, а се очекува и од Французинот тоа да го оправда.
Николас Батум е дел од составот на Франција за ОИ во Лондон, што треба да биде само плус кон неговото развивање и на интернационално ниво.
САКРАМЕНТО КИНГС: ДеМаркус Казнс
Минатата сезона Казнс превзеде сериозни потези како би се направил себеси подобар играч, а тоа несомнено му помогна да прерасне во еден од најдобрите центри на денешницава.
Во неговата втора сезона усеа да постигне просеци од 18.1 поени по натпревар, 11 скока и 1.2 блока по натпревар.
Неговата корпулентност и масивност во рекетот под кошевите е голема предност и предиспозиција за добар дефанзивец, додека тоа Казнс максиламлно го користи.
Плејмејкери како Ајзеа Томас и Арон Брукс наредната сезона ќе бидат од значителна помош кон развитокот на pick-and-roll играта на ДеМаркус.
Слабите игри на Сакраменто Кингс последниве неколку сезони треба да бидат само поттик за развиток на играта на ДеМаркус Казнс, а со подновен ростер тимот само ќе се подобрува.
САН АНТОНИО СПАРС: Каваи Леонард
Минатата сезона играше во просек по 24 минути по натпревар, додека постигнуваше по 7.9 поени и 5.1 скок по натпревар. Беше и опасен шутер за 3 поени, од каде што реализираше 37% од своите шутеви.
Во својата прва НБА сезона, Леонард подоцна низ сезоната се избори за стартна позицја, откако беше трејдуван Ричард Џеферсон. Неговата солидна одбрана одлично се вклопи во играта на Попович, со што успеа да ја задржи стартната позиција.
Како што напоменавме дека е одличен дефанзивец, Каваи крадеше по 1.3 топки по натпревар минатата сезона, со помош на неговите долги раце.
Грег Попович е најдобар тренер во лигата кога станува збор за работење со младите играчи и нивната ротација и минутажа на теренот, па тоа ќе може да биде голема предиспозиција за Леонард и неговата иднина во Спарс.
ТОРОНТО РАПТОРС: Џонас Валанкунас
Торонто Рапторс ќе има многу нови имиња во своите редови наредната сезона, а оној кој што можеби најмногу ќе изненади е момчето од Литванија, Џонас Валанкунас.
Валанкунас има искуство во Евролигата, а за неговите квалитети: добар дефанзивец, знае како да привлече внимание од противничката одбрана во рекетот и знае како да стигне до линијата за слободни фрлања.
Литванецот е бессомнено стартер на центарската позиција, а развитокот на тимот наредната сезона ќе зависи од тоа колку брзо Валанкунас ќе се адаптира на НБА играта.
Кајл Лаури, Лендри Филдс и Теренс Рос навистина ќе бидат доста ефективни наредната сезона, но Валанкунас е оној од што ќе зависи иднината на тимот.
ЈУТА ЏЕЗ: Марвин Вилијамс
Кариерата до оваа точка на Марвин Вилијамс не одеше по посакуваниот пат, со оглед на тоа дека беше избран со 2. пик на драфтот во 2005 година.
Има добро изградено тело за SF позицијата и е солиден скокач и дефанзивец на периметарот. Но, проблемот е што неговиот талент не дека баш се докажа во последниве 7 години, колку што е во лигата.
Никој нема да очекува Ол-Стар сезона од Вилијамс, но промената на тимот можеби ќе значи нова ера во неговата кариера и поттик за да се докаже повеќе.
ВАШИНГТОН ВИЗАРДС: Џон Вол
Џон Вол беше навистина добар во раниот дел од својата кариера, но третата година со Визардс можеби ќе биде онаа која што ќе биде скок за него во Ол - Стар играч.
Вол е одчичен плејмејкер и асистент, а се покажа дека може и да биде солиден поентер кога му треба на тимот.
Со новиот избор на драфтот во Бредли Бил, Џон Вол добива соиграч на бековската позиција, кој ќе биде од голема помош за него. Ќе отстрани голем притисок од неговата игра, со тоа што Бил може да шутира за 3 поени, да си создаде свој шут и да постигне важни поени во клучните моменти.
Уште од кога беше драфтуван во 2010 година, Вол внесе нов стил на игра на неговата позција - плејмејкер, што навистина ќе му помогне во развитокот на неговата кариера.
0 comments:
Post a Comment