Home » , » Кингси продолжуваат со својот тренер

Кингси продолжуваат со својот тренер

Written By Anonymous on 7.8.12 | 11:44

keith-smart
Кошаркарскиот НБА клуб Сакраменто Кингс го продолжи договорот со главниот тренер Кеит Смарт до крајот на сезоната 2013/14.

Оваа вест ја објави Џеф Петри, човекот задолжен за трансфери во клубот.

“Продолжувањето на договорот ни дава стабилност да продолжиме со развојот на овие млади и талентирани играчи.Кеит е верен и енергичен има визија како да направи победнички тим.Радосни сме поради продолжувањето.“

Смарт е 24ти тренер во клубската историја, а стана главен тренер на Кингси на 5 јануари оваа година, и до крајот оствари рекорд од 20 победи и 39 порази.Во својата тренерска кариера има рекорд од 65-116.

“Возбуден сум поради продолжувањето во Кингси,.Целта ни е да продолжиме со ова, верувам во победнички рекорд и среќен сум дека сум токму тој човек кој ќе го води овој тим.“ - вели Смарт.

0 comments:

Post a Comment