Роб Хенинген, новиот ГМ на Орландо Меџик, а заедно со него и целата организација на Орландо Меџик прима многу критики на темата "Дали тоа е се што можеа да извлечат од Двајт Хауард" ?
Орландо добија квалитетно крило во Арон Афлало, ветерани во Ал Харингтон и Џош МекРобертс, млади центри во Никола Вучевиќ и Кристијан Ејенга, плус еден куп од пикови за наредниве 5-6 години.
Орландо го продаде Хауард во пакет за тие пикови за да може лесно да се потпре на нив во иднина и да почне преградувачки процес. Тие можеа да го испратат Двајт Хауард во неговата омилена дестинација Бруклин Нетс, а во возврат да добијат млад центар во Брук Лопез. Тоа не се случи.
Но штоа ако Хенинген се одлучеше да го трејдува во Хјустон Рокетс и во возврат да добиа еден куп млади играчи и неколку пикови за во иднина ? Можеби тоа ќе беше поразумна опција, но сепак тоа не беше и местото на кое Супермен сакаше да слета.
Еве што кажа Роб Хенинген на оваа тема, во интервју за "Sports Illustrated" :
„Во трејдот што би се случел помеѓу два тима, односно Хјустон и Орландо, во кој подоцна се приклучија и Лос Анџелес Лејкерс, Ендру Бајнам би заминал во Рокетс, Хауард во Лејкерс, а неколку играчи и само 2 пика од првата рунда би отишле во Орландо. Од перспектива на Хјустон тоа е паметен потег, но гледано од страна на Орландо, тие не би добиле нешто значајно.“
„Многумина мислеа дека трите пика на Хјустон од овогодинешниот драфт, Џереми Ламб, Ројс Вајт и Теренс Џоунс, би биле активни како пакет во трејдот за Двајт во Орландо. Но, извори блиски до Хенинген известиле дека само Џереми Ламб би бил дел од овој трејд. Но, подоцна кога Лејкерс се вклучија во трејдот, испадна дека ниту Ламб не би отишол од Хјустон, со огледн на тоа дека импресионираше на Летната лига во Лас Вегас.“
0 comments:
Post a Comment