Home » , » Богут е охрабрен од брзото заздравување после операцијата

Богут е охрабрен од брзото заздравување после операцијата

Written By Dragan on 20.8.12 | 17:38

Центарот на Голден Стејт Вориорс Ендрју Богут очекува да биде целосно спремен за првиот натпревар на тимот на 31. Октомври против Феникс. 

На почетокот на Октомври Богут треба да почне да работи со топка и да настапува на предсезонските натпревари, иако неговата минутажа зависи од тоа колку ќе биде подготвен затоа што никој не сака да ризикува со обновување на повредата.

„Сакам да бидам спремен за тренинг кампот на тимот и мислам дека ќе успеам во тоа. Моја цел е да бидам целосно спремен за првиот натпревар во сезоната. Дали тоа ќе значи дека ќе настапам само на половина од предсезонските натпревари или пак на сите, не е толку важно. Она што е важно е да не ризикувам со повредата. Ако една недела може да биде од значаен придонес тогаш ќе почекам и плус една недела од почетокот на сезоната.” - изјави Богут.

Богут, кој беше прв пик на драфтот во 2005 година, ја зароботи повредата на 27. Април кога ги скина лигаментите, а потоа почна со полесни тренинзи минатата недела и сеуште нема дебитирано за тимот Голден Стејт, откако Милвоки го трејдуваше во замена за Монта Елис. Богут има просек од 12.7 поени по натпревар, 9.3 скокови и 1.6 блока по натпревар во неговата НБА кариера.

0 comments:

Post a Comment