Брајант уживал во успешната кариера уште како средношколец во Мерион, каде што беше познат како еден од најдобрите средношколци во државата. Тој отиде на НБА драфтот после завршување средно училиште и беше избран како 13. пик во 1996 година од Шарлот Хорнетс, а потоа беше трејдуван во Лејкерс. Како дебитант, Брајант ја заслужи својата репутација како "летач" и омиленик на публиката кога во 1997 година на Ол-старот победи натпреварот во забивања.
Прва посериозна шанса да освои титула откако се виде неговиот талент, Коби Брајант доби кога контроверзниот Шекил О'Нил беше донесен во редовите на Лејкерс во 1996 година. Брајант и О'Нил ги предводеа Лејкерс до три последователни НБА титули од 2000 до 2002 година. Караница помеѓу двајцата кошаркари доведе до пораз во 2004 година во големото финале, а тоа доведе до трансфер на О'Нил во Мајами. После трејдот на Шек, Брајант стана главната ѕвезда во франшизата на Лејкерс. Тој беше најдобар стрелец во сезоните 2005-06 и 2006-07. Во 2006 година Брајант поентираше најмногу во својата кариера - 81 поен против Торонто Рапторс, втор во историјата на НБА, позади Вилт Чемберлејн кој имал 100 поени во 1962 година. Тој го освои МВП-то во 2008 година, но во финалето истата година загубија од Бостон Селтикс. Тој потоа ги предводе до две последователни титули во 2009 и 2010 година, а и во двете финалиња ги освои МВП наградите.
Од Јуни 2012, Брајант е 3-ти во историјата на дадени поени во кариерата, за почит. Тој е уште најдобриот поентер во историјата на Лејкерси. Уште од втората година во НБА лигата тој учествува во Ол-стар натпреварите, кој сега достигна до 14 години. Тој има освоено 4 МВП награди на тој натпревар (2002,2007,2009 и 2011), израмнувајќи се со најмногу награди во НБА историјата со Мозес Мелоун. Тој е 14 години член на најдобриот тим на годината и 12 години во најдобрата одбранбена петорка. Коби е уште и најмладиот играч кој добил награда за одбрана. Во 2008 и 2012 тој на Летните Олимписки игри освои злато како член на Дрим Тимот. Во 2009 тој е прогласен за најдобар играч на деценијата.
0 comments:
Post a Comment