Или си шампион или не си. Прво и единствено правило за тимот од ЛА. Минатата година Браун располагаше со речиси идентичен состав како оној кој го водеше пред него Фил Џексон, па можеби и затоа фановите на Лејкерси не очекуваа титула, иако секако дека се надевале. Но оваа година сите очекуваат и искрено веруваат дека титулата мора да се освои. Кога во тимот ги имате Двајт Хауард, Коби Брајант, Пау Гасол и Стив Неш тогаш се освен титула е неуспех.
„Секако дека бев возбуден, се обидував да не рипам како дете мало. За малку ќе го повредев коленото. Не знам точно што се случи но почувстував голема болка, како еден вид на грч, па полека станав и го прегрнав Џим Бас. Тоа можеби првпат нему му се случува, да биде прегрнат од тренер како знак на благодарност за некој трејд. Што се однесува пак до стилот на игра, мислам дека се ќе зависи од Неш. Тој ќе биде оној кој ќе одлучува дали нападот ќе заврши за 5,10 или 24 секунди, и кому ќе асистира. Нема сомневање дека ќе има многу опции во нападот, може да игра pick-and-roll или пак да асистира за отворени шутеви. Се зависи од тоа како ќе го свати "Принстон" стилот на игра, кој ќе го применуваме.“ - изјави Браун.
Браун е свесен дека доколку работите не одат онака како што требат и Лејкерси не бидат шампиони, дека тој ќе биде главниот виновник за тоа, па може и да биде избркан од жешкото столче. Останува да видиме каква сезона ќе пружат "езерџиите" ...
0 comments:
Post a Comment