
Додека Дерик Роуз ѕвездата на Чикаго Булс, секојднево напорно работи за да се врати побрзо на паркетот, и неговите фанови го поддржуваат секојдневно преку друштвените мрежи Фејсбук и Твитер.
Роуз ги сподели своите чувства со навивачите во едно видео објавено на youtube, како напорно тренира, откако беше повреден во дуелот од Плејофите против тимот на Филаделфија СевентиСиксерс.
Роуз е во спотот на „Белиеф“ кои го опишува моментот кога тој е повреден, и кога мора да почне се од „нула“.
Тој ги сподели своите најинтимни мисли со фановите, како поминал преку операцијата, почетокот на опоравување, тешки ситуации кој тој ги имал и како собрал сила за да продолжи со својата игра.
“На почетокот никој не веруваше во мене, само ја и мои пријатели, тоа ми е се што ми беше потребно, нова волја, мои пријатели, мој град и мои навивачи“ - изјави Дерик Роуз во овој видео спот.
0 comments:
Post a Comment