Home » , » Орландо можеше да го има Игуадал, но сепак избра да не го донесе

Орландо можеше да го има Игуадал, но сепак избра да не го донесе

Written By Dragan on 14.8.12 | 22:04

Многумина моментално се прашуваат како Орландо Меџик го трејдуваа Двајт Хауард, а сепак останаа со тим што ќе биде на дното на табелите наредната сезона.

Тоа всушност беше планот. Тие сакаат да бидат лош тим, да ги искористат пиковите кои ќе дојдат со оглед на тоа дека ќе биде навистина на дното. Сакаа да го искористат младиот талент, некој слободен агент за 2-3 години и да се реформираат повторно.

Бидејќи Меџик навистина можеше да го има Бајнам, Игуадала, Гасол или некој играч од сосем друг тим, но сами си ја бираа иднината.

Претседателот на Филаделфија Род Торн, потврди за медиумите што навистина се случувало пред трејдот да се случи :

„Навистина беше интересно, бидејќи за трејдот се зборуваше 2-3 недели пред всушност да се случи. И дојде до тоа да Орландо не сакаше да го прими Игуадала во тимот, бидејќи одат во различна насока. Тие ќе го добиеја Иги, но веднаш пробуваа да најдат неколку други тимови во кои би го помериле него и неговиот договор, а на крајот испадна дека тоа е Денвер.“
Игуадала не е играчот од кој Орландо би можел да почне да го преградува тимот, бидејќи тој е во врвот на својата кариера, а има и максимален договор.

Е сега, кога ова би го заклучиле, доаѓаме до прашање зошто не би го донеле 24 - годишниот Ендру Бајнам ?
 Тоа останува неодговорено прашање, а иднината на Орландо Меџик останува да зависи од младиот талент што допрва ќе доаѓа во лигата ...

0 comments:

Post a Comment