Home » , , » Кајри Ирвинг ја објаснува еволуцијата на неговиот "crossover" дриблинг

Кајри Ирвинг ја објаснува еволуцијата на неговиот "crossover" дриблинг

Written By Dragan on 14.8.12 | 21:39

Ако веќе сакате да украдете финта после прочитувањето на насловот на оваа статија, украдете од најдобриот. Што, всушност е нешто што и Кајри го направи во неговите денови на колеџ.

Кајри Ирвинг зборуваше во интервју за "SLAM" магазинот, каде што седна со новинариот и му ја објасни еволуцијата на неговиот т.н. "crossover" дриблинг.

Овој дриблинг е силно оружје од нападот на Кајри, што често ги остава дефанзивците попаѓани на паркетот. 

Еве што кажа Кајри за SLAM :

„Кога бев помлад, многу ми се допаѓаше crossover дриблингот на Ален Ајверсон. Во основно училиште тоа беше всушност единствениот потег што го имав во мојот арсенал. Го вежбав многу тој дриблинг. Го пробував можеби по 1000 пати на ден...“ - изјави Ирвинг.
„Ми се допаѓаше и crossover дриблингот на Тими Хардавеј. И тоа беше дриблинг што доста го вежбав подоцна, во средно училиште. Заедно со дриблингот на Хардавеј, го вежбав и дриблингот на Кевин Џонсон.“
„По некое време, ги имав избежбано сите 3 дриблинга и знаев често да ги применувам еден по еден. Но, еден ден се решив да направам комбинација од сите 3 дриблинга и да ги спојам во мој - Кајри Ирвинг crossover.“
„Навистина ми беше интересно учејќи од тие тројца играчи, но доста долго ја пратев и играта на Крис Пол. Пораснав со тие играчи и нивните потези и направив една комбинација што е опасен дел од мојата офанзива.“ - додаде Ирвинг.

0 comments:

Post a Comment