Главните потпишувања, трејдови и во главно потези на НБА тимови ова лето се скоро завршени. Може да се случат уште неколку ситни потпишувања на ситни играчи, затоа што останаа уште многу малку слободни играчи на маркетот. Но, пред и официјално да започне тренинг-кампот, се решивме да ви ги презентираме според нас најлошите договори потпишани ова лето. Погледнете...
1. Џералд Валас, Бруклин Нетс
Вредност на договорот: 4 години, 40 милиони долари.
Секако дека Нетс бараа талент за опкружување околу Дерон Вилијамс, но тоа сепак беше доаѓањето на Џо Џонсон во Бруклин. Доколку само Валас останеше во Нетс, а Џонсон не беше доведен, чисто се сомневам дали Д-Вил би останал таму.
Не дека Џералд Валас не е важен играч во сегашниот ростер на Нетс (тој е и еден од најпотценетите играчи на денешницава), туку едноставно не вреди за парите кои ќе ги заработува. Валас ќе заработува по 10 милиони долари годишно, а за 4 години ќе наполни 34 години, што значи дека нема да има ист ефект на теренот како што имал на 30 години.
Како и да е, Нетси можеа да потрошат пари во доведување на помлад играч на SF позицијата, без да го потпишат Валас на уште 4 години.
2. Џорџ Хил, Индијана Пејсерс
Вредност на договорот: 5 години, 40 милиони долари.
Може да се сфати зошто Пејсерс сакаа да го задржат Хил во редовите, но неможе да се свати зошто да го потпишат за дури 5 години и да му понудат 40 милиони долари.
Хил е навистина солиден играч на PG позицијата, може да игра и на шутерската позиција, но не е играч од калибарот на суперѕвезда. Не е ниту блиску до тоа.
Тоа е тоа што всушност им треба на Индијана. Го имаат Дени Грејнџер како најдобар играч во тимот, но покрај Вест и Хиберт, на Грејнџер му треба посилна поддршка во стартната петорка. Пејсерс апсолутно не го добиваат тоа во Џорџ Хил.
3. Омер Ашик, Хјустон Рокетс
Вредност на договорот: 3 години, 25.1 милиони долари.
До некоја граница можам да разберам зошто Рокетс потпишаа со Џереми Лин. Тој е моментално најпрофитабилниот играч во лигата. Но, во потреба од уште некоја ѕвезда до Лин и Мартин, односно во потреба на сериозен центар кој што ќе може да интервенира и офанзивно, Хјустон го потпиша Омер Ашик.
Не само што турчинот е преплатен за 3 години, туку ова ги запре Рокетс и во договорите за доведување на Хауард во нивните редови.
Факт е дека Ашик е добар на дефанзивната страна на теренот, првенствено бидејќи излегува од школата на Том Тибедоу, но сепак Кевин МекХелј преферира да има играч кој ќе може да оперира во нискиот пост, нешто што беше Луис Скола минатата сезона и Јао Минг пред одредено време.
4. Арон Брукс, Сакраменто Кингс
Вредност на договорот: 2 години, 6.6 милиони долари.
Не дека Брукс е преценет во случајов, но зошто да Кингс би потпишале плејмејкер кој играше една сезона во Кина, а од друга страна имајќи ги Џимер Фредет, Тајрик Еванс и првенстено Ајзеа Томас во ростерот.
Со потпишувањето на Арон Брукс, Џимер Фредет губи шанса да докаже на племејкерската и шутерската позиција. Не дека Арон Брукс незнае да биде еден од најважните играчи на теренот и да се загрее за чести кошеви лесно, но Џимер Фредет беше високо - избран на драфтот минатата година, а никогаш вистински не се докажал до крај. Останува да видиме како тренерот Смарт ќе ја одржува ротацијата со 3-4 плејмејкери во тимот.
5. Џамир Нелсон, Орландо Меџик
Вредност на договорот: 3 години, 25.2 милиони долари
Откако се случи трејдот и Двајт Хауард си замина во Лос Анџелес Лејкерс, иднината за Орландо не гледа светлост во наредниве година - две. Овој тим ќе биде еден од најслабите за наредната сезона, а потписот на Џамир Нелсон нема воопшто да помогне.
Ова беше играч од кој се очекуваше многу повеќе минатата година, а сепак не успеа да влезе во топ - форма, со која би му помогнал на тимот повеќе. Некако, од таборот на Орландо се случи да тие му даваат по 8 милиони долари за секоја од наредниве 3 години. Дали се шегуваат !?
Орландо требаше да се фокусира на светла иднина со млади играчи, а не играчи кои се на работ на 30тите години и кои апсолутно не се играчи околу кои можеш да градиш.
Сепак, Нелсон останува во Орландо Меџик за барем уште 3 години, но нема гаранција дека тој нема да биде трејдуван. Со тоа, останува можноста Нелсон да биде и трампан во друг тим.
0 comments:
Post a Comment