Навистина. Рондо си заслужи да излегува во јавноста со вакви самоуверени изјави. Изјави кои му даваат само поддршка во борбата за најдобар плејмејкер во НБА лигата.
Прочитајте што кажа додека беше на Филипините (каде што помага на сиромашните деца).
“Се надевам дека ќе ја завршам мојата кариера како најдобар плејмејкер во историјата на Бостон Селтикс.“
Бостон е град кој е горд на својата историја во сите форми. Таа историја започнала со ерата на Боб Кузи -- бек кој ја водеше топката како никој друг до сега и го измисли пасот без гледање. Уште еден добар бек беше Нејт Арчибалд и Денис Џонсон, играчи кои сакаа да го достигнат тоа ниво.
Рондо може да биде на тоа ниво некој ден. Бостон мора да го задржи уште некоја година да биде заедно со Гарнет и Пирс.
0 comments:
Post a Comment