Eди Кари тренира со Нетс
Written By Anonymous on 30.8.12 | 02:46
Нерегистрираниот слободен агент на Мајами Хит Еди Кари добива уште една шанса да остане во лигата, овојпат во Бруклин Нетс, тој вчера тренираше со нив според Јаху Спорт.
Со Нетси исто така тренира и слободниот агент Хилтон Армстронг, кој беше избран како 12-ти пик во 2006 година но нема заиграно од сезоната 2010-11 во која играше за Атланта Хоукс.
Кари, се сметаше за еден од најдобрите драфт играчи што дошле во НБА, тој беше избран од Чикаго Булс во 2001 година, и добро ќе им дојде на Бруклин како замена за Лопез и Реџи Еванс ако се повреди. Во 14 утакмици Кари имаше просек од 2.1 поен во 5.9 минути.
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment