Home » , » Michael Jordan Statement Games

Michael Jordan Statement Games

Written By Anonymous on 25.8.12 | 21:17

Michael Jordan Statement Games
Мајкл Џордан низ целата своја кариера беше познат како играч кој на разни провокации одговраше со неверојатната игра и со сите сили се обидуваше да им докаже на тие личности дека не се во право. Тоа би биле тие така наречени 'Statement Games'', а јас во оваа колумна ке ви ги набројам неговите 5 најдобри. Запамтите овде нама да ја споменам ''Flu Game'', ниту нешто слично, туку натпреварите на кој Мајкл сакаше на своите противници (играчите, тренерите) да им покаже дека не се во право за она што го мислат. Ќе ви ги набројам, по мое мислење, 5те најдобри натпревари.


5. ''Revenge On Isiah Thomas Game'': Chicago Bulls – Detroit Pistons (12.02.1985)


Џордан во својата руки сезона играше инзвонредно и покрај сите критики сосема неочекувано - брилираше и беше најдобар играч на Булс. Поради сите наведени прични заслужи и место на Ол Стар натпреварот во 1985 година во Индијана.Приказната баш започна на тој Ол Стар натпревар.Имено плејмејкерот на Пистонси, Ајзеа Томас целиот натпревар одбиваше да му додават на Џордан и на тој начин го исфри од натпревар и не му даде прилика да се докаже на тој натпревар.Љубомора или нешто друго ? Томас милион пати во кариерата рече дека тоа не му била намерата, но ако го погледнеме натпреварот, навистина може да се виде дека одбиваше да му додава на Ем Џеј и тоа на пргав начин.Наводно пред натпреварот Ајеза ги наговараше Јуинг, Бирд, Мозес Малоун да не му ја додаваат топката на Џордан.

Кога рукиот од Карлоина го дозна тоа, требаше да се претпостави какво сценарио ке се случи во следниот дуел на Булси и Пистонси - Мајкл си сите сили ке се обиде да му докаже на Ајзеа дека заслужува да биде прва ѕвезда во Истокот.Да сценарито навистина беше совршено, Билси и Пистонси имаа натпревар за само два дена и тоа не на некое друго место туку токму во Чикаго.

Каква утакмица изигра Џордан ? 49 поени, 15 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки.Тие 49 поени му беа и највисоки во руки сезоната, а одбраната на Пистонси се изгуби во тој натпревар.Томас застана на 19 поени со шут од игра 5-15, а Бусли натпреварот го добија со резултат од 139-126 по продолжението.Кога ке го погледенете видето што го ставив по насловот на натпреварот, ке би биде јасно колку доминантно одигра Мајкл.

4. ''George Karl Game'': Seattle Supersonics – Chicago Bulls (02.02.1997.)

Џорџ Карл е одличен тренер, оваа сезона со Нагетси направи одлична работа и веќе 7 сезона по ред ги носи во плејофот.Пред нешто повеќе од 15тина години Карл беше тренер на Соникси каде и таму ја вршеше работата перфектно.Сепак, ниту тој не успеа да го победи бесот на Мајкл.Пред почетокот на натпреварот, Џорџ Карл му рече на Џордан дека се плаши од повреди и дека својата игра ја барзира на шутеви затоа што се плаши од контакт со другите играчи.Можам да го замислам лицето на Мајкл кога го слушнал тоа од тренерот на Соникси.Мотивацијата сигурно ја доби од фактот што неговите Булси минатата сезона ги победија Соникси баш во финалето.



Одговорот на Џордан кон Карл ? 45 поени, 7 скока и 3 асистенции со шут од игра 19-28.Погодокот од половина терен пред крајот на првата четврина беше показател дека тоа ке биде еден од “оние“ натпревари.Џорџ Карл и Соникси не знаеа што ги снајде - Џордан погодуваше од скоро секоја позиција, а повеќето од поените ги даде со својот познат шут “fadeaway“ над Пејтон и  Хавкинс.По погодувањето на секој шут го гледаше во очи Карл и му даваше до знаење дека шутот му е толку добар што Соникси може да ги разбие и без пристап до рекетот без многу мака.Наводно и по натпреварот му рекол неколку зборови на тренерот што веројатно не му се допаднале.


3. ''Jeff Van Gundy Game'': Chicago Bulls – New York Knicks (21.01.1997.)

Ова сигурно ке ви се допадне.Денешниот коментатор на АБЦ ТВ куќата и некогашниот тренер на Никси Џеф Ван Ганди западнаа во проблеми во сезоната 96/97 (овој натпревар се играше неколку недели пред натпреварот со Џорџ Карл).Во разговорот за едно радио тренерот на Никс изјави дека пред натпреварите Џордан се спријателува со противничките играчи, а за време на натпреварот ги уништува и така ја прави својата психичка предност.Џордан тогаш му беше благодарен за овие зборови.

Погледнете ја приказната за натпреварот - Родман поради суспензија (познатото удирање на камерман), а старниот плејмејкер Харпер беше повреден.Старната петторка изгледаше вака Браун- Џордан-пипен-Кејфи-Лонгли а беше и фаворит против најдобрата одбрана во НБА таа година.Џордан поради ненаведени причини влезе во “Супермен“ формата и ги запиша овие бројки - 51 поен, 4 скока и 4 асистенции.51 поен од вкупни 88 на својот тим !!! Во послдната четвртина Булси постигнаа само 14 поени, а од нив Џордан даде 12, а останатите два му ги асистираше на Кејфи за забивање.За претставата да биде уште подобра Џордан целиот натпревар го чуваше бекот на Никси Ален Хјустон и го застана само на 14 поени.

За овој натпревар имаме и слика од бок скорот.

2. ''LaBradford Smith Game'': Washington Bullets – Chicago Bulls (20.03.1993.)

ЛаБредфорд Смит на 19 март 1993 година го одигра натпреварот на животот.Тогашниот бек на Вашингтон Булетси беше лош НБА играч, имаше одиграно 5 НБА сезони со просек од 6.7 поени по натпревар.Меѓутоа против Булси во Чикаго постигна 37 поени со шут од игра 15-20 и тогаш баш кога го чуваше Мајкл Џордан кој шутираше очајни 9-27.Чикаго тој натпревар го победи, но Џордан се чувстуваше посрамотено и понижено.По натписите на некои весници, Смит на Џордан после натпреварот му рекол :“Добар натпревар, Мајк“, што баш ова го мотивираше да го одигра следниот натпревар како никогаш до сега.



Повторно исто сценарио.Само 24 сати по “посрамотувањето“ Булси отидоја во Вашингтон, а Џордан изјави дека само во првото полувреме ке постигне 37 поени (вкупниот број на поени на Смит од минатиот натпревар).Како некаков суперхерој Џордан го започна натпреварот 8-8, а на полувремето заврши со 36 поени ! За жал не го исполни своето ветување дека ке даде 37, а беше блиску.

“Најголемиот“ натпреварот го заврши со 47 поени, 8 скока и 4 асистенции, додека Смит постигна само 15 поени.

1 ''Jerry Stackhouse Game'': Philadelphia 76ers – Chicago Bulls (13.01.1996.). 
 Само Џери Стекхаус знае зошто пред почетокот на овој натпревар велеше дека е во категоријата на Џордан летото 1995 година во кампот на Северна Каролина.Стекхаус тогаш беше руки и играше многу добра кошарка и глупо би било да речеме дека е лош или очаен играч, а тој потез го фрли гневот кон Џордан и на неговата кожа.Да биде Мајкл уште по нервозен и по провоциран Верон Максвел зборуваше глупости пред самиот натпревар - дека медиумте премногу се на страната на Чикаго и дека тие не заслужуваат толкава предност.

Како ладнокрвен убиец Џордан ги растури Сиксерси во нивната сала.Стекхаус и Максвел можеја само да гледаат како најдобриот играч на сите времиња го уништува својот тим.Овој натпревар е еден од најдобрите ''statement'' натпревари на Мајкл Џордан и сигурно ке биде најгоре, на врвот на оваа листа.Ем Џеј веќе на крајот на третата четвртина имаше 48 поени и 10 скока, а останатиот дел од натпреварот седеше на клупата и уживаше одмарајќи.Веќе спомнатото дуо Стекхаус-Максвел постигна само 17 поени.Џери 13, додека Макс Макс само 4.

"You do not look at Michael Jordan in the eye because he'll take that as a challenge and he'll dominate you. You do not make him mad. Whenever I played against him, I just looked at the ground." – Jayson Williams, New Jersey Nets.

1 comments:

  1. They was only mastering the game and generally
    enjoyed to own exciting, but it quickly became a
    major payday regarding them aswell.

    ReplyDelete