Денес ќе ви ги претставиме најдобрите забивачи во НБА лигата според вкупниот број на забивања.
10. Крис Хамфрис-92 забивања
Крис Хамфрис едноставно ја користи секоја прилика која ќе му се укаже да забие, а годинава со доаѓањето на Џо Џонсон, бројот на негови забивања и ќе се зголеми.
9. Кевин Дурант-102
Дурант е еден од најдобрите стрелци во НБА, но тој исто така е и солиден забивач, а тоа го докажа минатата година.
8. Леброн Џејмс-104
НБА титула, МВП на регуларната сезона, МВП на финалето, златен медал на ОИ. Изгледа ова е единствената категорија во која не е прв, а не е ни меѓу првите 5.
7. Руди Геј-110
Геј е познат по своите забивања уште од кога се појави во НБА пред 6 години и не запира се уште. Сепак се уште не бил дел од еден Ол-Стар натпревар.
6. Тајсон Чендлер-134
Човекот кој беше прогласен за најдобар одбранбен играч минатата сезона, со своите забувања демонстрира дека знае добро да се снајде и во нападот.
5. Ендрју Бајнам-137
Доминантен под кошевите. Наредната година може да се очекуваат и тоа како повеќе забивања од него со оглед на тоа дека ќе биде прва опција во нападот на Филаделфија.
4. Двајт Хауард-136
Најдобриот центар во лигата, нареднава сезона може да очекува само повеќе забивања со оглед дека Стив Неш ќе му биде асистент и ќе се форсира пик-ен-рол игра межу нив двајца.
3. ДеАндре Џордан-141
Доаѓањето на Крис Пол во Клиперси само му овозможи далеку повеќе забивања под кошевите на Џордан. А да се биде пред Хауард, Џејмс и Руди Геј на оваа листа е прилично солидно достигнување.
2. ЏаВејл МекГи-150
Иако многумина се подбиваат на негова сметка, сепак со своите блокови и забивања МекГи изнудува само воздишки од вистинските фанови на кошарката.
1.Блејк Грифин-192
Кој ако не Грифин. Грифин е доминантен на табелата на највозбудливи забивања за минатата сезона со својот широк репортоар на забивања. Со оглед на тоа дека има само 23 години допрва може да очекуваме од него интересни забивања.
0 comments:
Post a Comment