Home » , » Бруклин Нетс сеуште во потрага по објект за тренинзи

Бруклин Нетс сеуште во потрага по објект за тренинзи

Written By Dragan on 1.9.12 | 20:46

Кога Дерон Вилијамс, Брук Лопез и останатите од Бруклин Нетс одат на тренинг, тие одат дури до стариот објект каде што тренираа со Њу Џерси Нетс во Ратерфорд, Њу Џерси.

Од Бруклин до Њу Џерси има 40 минути возење и тоа кога сообраќајот не е густ. Нетс упорно бара објект кој ќе биде достоен на името, но не можат да го најдат соодветниот. Еве што изјавија стручните лица од Бруклин.

“Потрагата по таква локација Бруклин ја бара повеќе од година. Нетс минатата година забележал 3 локации, но стручниот штаб не се одлучил да превземе мерки за добивање на некој од објектите, од проста причина што некои од клучните играчи престојуваа во Њу Џерси и сакаа да бидат поблиску до дома. Нетс го имаат откупено тренинг центарот во Источен Ратерфорд до Јуни, 2015 година. Минатата година генералниот менаџер Били Кинг изјави дека Нетс планираат да изградат нов објект за тренинзи, кој би требало да биде отворен за сезоната 2013/14.“

Најверојатната опција ќе биде изградбата на објектот, но ќе треба да се потрудат за да откупат најповолното земјиште што можат да си го дозволат во областа на Њу Јорк. Сепак повеќе се надеваат дека ќе начекаат чист сообраќај накај Њу Џерси, отколку да најдат поволно земјиште.

Но тие бараат и можете да бидете сигурни дека кон крајот на следнава сезона ќе бидеме известени каде ќе се наоѓа и кога ќе биде отворен новиот тренинг - центар на Нетс.

0 comments:

Post a Comment