Home » , » Бостон Селтикс: 2012/13 сезона

Бостон Селтикс: 2012/13 сезона

Written By Dragan on 22.9.12 | 15:38

Минатата сезона Бостон оствари рекорд од 39-27 и ја освои Атлантик дивизијата. Но во Бостон, титулите во Атлантикот не се ценат многу. Лесно ги средија Хокси во првата рунда од плеј-офот, а во втората рунда водеа тешка битка со неискусните Филаделфија СевентиСиксерс, кои ги одведоа до последниот - можен, седми натпревар. Бостон беше одличен тим, со одлична одбрана (повторно) ... но тоа важеше само во поголемиот тек на сезоната и во првите две рунди од плеј-офот. Го имаа здравиот Реј Ален на стартната бековска позиција, го имаа Кевин Гарнет на оригиналната четврта позиција, а за поголем дел од сезоната имаа и одличен дефанзивен стартер во Ејвери Бредли.

Но, во конференциските финалиња против Мајами тоа не беше случајот. Тие го немаа Ејвери Бредли, го немаа здравиот и ефикасен Реј Ален, одеа пониски со Гарнет и Бас на центарските позиции и тоа одведе до единствено водство од 3-2 против Мајами во финалињата на истокот. Тоа беше се. Потоа Бостон изгуби сила и ги изгуби следните 2 натпревара. 

Бостон беше доста активен тим низ ова лето, но сепак го изгуби играчот кој беше еден од главните фактори за титулата на Бостон во 2008 година -  Реј Ален. Популарниот Реј - Реј неможеше да поднесе да игра во улога на шести играч и замена на Ејвери Бредли во Бостон, па се реши да ги однесе своите шутерски способности во Мајами Хит и да биде замена на Марио Чалмерс и Двејн Вејд. Бостон исто така го изгуби и дефанзивниот центар Грег Стимсма, Маркис Дениелс, Е'туан Мур, Рајан Холинс, Мајкл Питрус и Џермејн О'Нил.

Како што кажавме, активноста во летниот преоден рок им донесе играч од калибарот на Џејсон Тери, кој ќе биде одлично освежување од клупата и одличен шутер за 3 поени. Го доведоа и Кортни Ли, а потпишаа договори и со Џеф Грин и дебитантот Џеред Салинџер.


3 клучни работи за Бостон во наредната 2012/13 сезона:

1) Ветераните во тимот да останат здрави.
Лесно е да се каже дека Бостон е стар тим, но не е дека така баш изледа. Со заминувањето на Реј Ален и доаѓањето на младите Кортни Ли и Џеф Грин, Бостон е помлад тим во целина од лани. Но сепак, на крајот на краевите, на Селтикс ќе им треба 36-годишниот Гарнет и 35-годишниот Пирс да бидат елитни играчи. Да бидат сеуште лидери, ветерански лидери во тимот. Повредите се почести на старите години и иако моментално Бостон нема проблем со повредите на ветераните, сепак треба да се внимава на тоа. Док Риверс би ризикувал и да губи натпревари во текот на сезоната и да ги одмара своите клучни играчи за да бидат спремни за плеј-офот.

2) Мора да се подобрат во нападот.
Сите знаеме дека Селтикси ќе играат одбрана надчовечки. Рондо е еден од најдобрите дефанзивни плејмејкери во лигата, Кортни Ли и Ејвери Бредли им даваат квалитет на крилните дефанзивни позиции и Кевин Гарнет, иако е за чекор побавен, сеуште е квалитетен дефанзивец во рекетот. Бостон ќе биде во топ 3-те дефанзивни тима за наредната сезона. Но, минатата сезона беа шести најлош офанзивен тим во лигата, односно 24. најдобар. Мора да посветат внимание на нападот и да му помогнат на Рондо во поените од контра-напади, бидејќи факт е дека Рондо беше единствениот играч кој трчаше во контра - напад минатата сезона. Исто така треба да посветат внимание на офанзивните скокови, бидејќи минатата сезона фаќаа само 19% од своите промашени шутеви.

3) Мора да изнудуваат повеќе слободни фрлања.
За ова зборуваше и Док Риверс изминатово лето. Мора да има повеќе агресивност во влезовите во рекетот од страна на своите играчи. Минатата сезона Бостон беше тим кој беше 22. во процентот на изнудувани слободни фрлања. Тоа едноставно мора да се подобри. Доколку Ражон Рондо не е на теренот, кој друг плејмејкер во Селтикс ќе изнудува лесни поени за своите соиграчи ? - Никој. Затоа, играчите мора да покажуваат повеќе агресија и да ги добиваат тие лесни поени од линијата за слободни фрлања.

Предвидувања:
Рекорд: 52-30. Ова е рекорд кој е сличен на оној на Њу Јорк и рекорд кој ќе им донесе место во топ 4-те тима на истокот. И ако останат здрави во текот на целата сезона, Селтикс ветуваат и силен плеј-оф настап. Очекувања се очекувања, остварувања се остварувања ... останува да видиме.

Стартна петорка:
PG: Ражон Рондо
SG: Кортни Ли/ Ејвери Бредли
SF: Пол Пирс
PF: Брендон Бас
C: Кевин Гарнет

МВП на тимот: Ражон Рондо

0 comments:

Post a Comment